Алонсо најбрз на домашен терен
Фернандо Алонсо го забележа најбрзото време на првиот од трите тест дена на патеката Муџело, Италија. Зад него останаа Марк Вебер и Жан-Ерик Верн. За жал денот не ги исполни очекувањата на тимовите поради лошото време и дождот.
Лошото време ги спречи тимовите да пробаат нови делови и решенија на нивните болиди.Од фотографиите кои стигнуваат од патеката, видовме новости во издувниот систем на Заубер, кој сега е многу сличен на оној на Мекларен. Тимовите веруваат дека ауспусите се место каде најмногу може да се влијае на аеродинамичноста на болидите, па така и во тимот на Вилијамс испробаа нов издувен систем.
Ферари повторно експериментираат, кај нив се појави лопатка под самата цевка на ауспухот, со која веројатно се обидуваат да го постигнат ефектот кој постои кај Мекларен, Заубер, Ред Бул т.е. да можат гасовите од ауспусите да стигнат до подот на болидот. Новиот издувен систем на Ферари, е најавен за последниот ден од тестирањето.
На болидите на Ред Бул и Форс Индија, можеа да се видат аеро надградби. Во Форс Индија тестираа нов нос на болидот. Ред Бул продолжува да бара оптимално решение за ауспусите. За наредните два дена се прогнозира подобро време и повеќе и различни промени на болидите.
Детално круг по круг на ФБ страната Мк Формула 1
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:22.444
2. Марк Вебер Ред Бул 1:23.648 + 1.204
3. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:23.891 + 1.447
4. Жером Д`Амброзио Лотус 1:24.048 + 1.604
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.100 + 1.656
6. Камуи Кобајаши Заубер 1:24.736 + 2.292
7. Оливер Тарви Мекларен 1:25.303 + 2.859
8. Жил Бјанки Форс Индија 1:25.475 + 3.031
9. Родолфо Гонзалес Катерам 1:27.197 + 4.753
10. Чарлс Пик Марусија 1:27.359 + 4.915
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:29.179 + 6.735
12. Гери Пафет Мекларен 1:50.898 + 28.454
13. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ не постави време