Грожан и Кобајаши најбрзи на вториот ден!!!
Роман Грожан и Камуи Кобајаши го забележаа најбрзото време на вториот ден од тестирањето во Муџело. Двајцата возачи успеаа да имаат идентично време. Грожан го забележа своето време во пред пладневната сесија, додека Кобајаши го стори тоа во последните минути на тестот.
Зад нив останаа двајцата возачи на Ред Бул, Себастијан Ветел и Марк Вебер. Најзафатен во текот на денот беше Шумахер кој извозе најмногу кругови денес, и тоа 144. По него по број на кругови се Петров со 112 и Маса со 106.
Доста новости денеска на болидите. Ги видовме новите издувни системи на Форс Индија, Катерам и Торо Росо. Мерцедес АМГ покажаа модифицирано предно крило и нов поширок нос. Мекларен се појавија на пистата со чудна "џумка" на носот, како и бројни сензори на болидот.
Маса денес не беше успешен како Алонсо, а главната вест и новиот Ферари Ф2012 го очекуваме утре. Според италијанските медиуми Ферари веќе ги добиле толку очекуваните делови. Денеска тестот започна на влажна патека, но брзо се исуши. За утре таков проблем не се очекува. Малиот број на кругови на Форс Индија се должат на проблеми со хидраулика, а пак на Марусија поради проблеми со серво-воланот.
Детално круг по круг на ФБ страната Мк Формула 1
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Роман Грожан Лотус 1:21.603
2. Камуи Кобајаши Заубер 1:21.603 + 0.000
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:21.825 + 0.222
4. Марк Вебер Ред Бул 1:21.997 + 0.394
5. Фелипе Маса Ферари 1:22.257 + 0.654
6. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:22.422 + 0.819
7. Даниел Рикардо Торо Росо 1:22.588 + 0.985
8. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:23.404 + 1.801
9. Чарлс Пик Марусија 1:23.982 + 2.379
10. Виталиј Петров Катерам 1:24.312 + 2.709
11. Гери Пафет Мекларен 1:24.480 + 2.877
12. Тимо Глок Марусија 1:24.499 + 2.896
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:24.749 + 3.146
14. Бруно Сена Вилијамс 1:24.842 + 3.239