Грожан единствен со најбрзо време на последниот тест ден!!!
Роман Грожан и Лотус ја продолжуваат традицијата на добри тест сесии и повторно го забележаа најбрзото време на последниот ден од тестирањето во Муџело, а воедно беше и најбрзиот возач во сите три тест дена.
Себастијан Ветел беше најблискиот конкурент на Грожан со заостанување од 0.232, без да го подобри утринското поставено време. Следуваше Фернандо Алонсо од кого се очекуваше најмногу на оваа тест сесија, но Ферари како да беа повеќе заинтересирани за добивање корисни податоци од новите надградби на Ф2012, отколку поставување брзи времиња. Од Италијанскиот тим велат дека ова било само првата фаза од суштинската надградба која ќе дебитира за Шпанското Гран При. Новиот пакет надградби покажа потенцијал, но Алонсо успеа да излета надвор и го уништи новото предно крило, а поправките одзедоа два часа од времето за тестирање. Заклучок е дека треба да имаат голем адут во ракавот ако сакаат да се борат за Победи оваа сезона.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Роман Грожан Лотус 1:21.035
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:21.267 + 0.232
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:21.363 + 0.328
4. Даниел Рикардо Торо Росо 1:21.604 + 0.569
5. Серџо Перез Заубер 1:22.229 + 0.879
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:22.325 + 0.975
7. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.497 + 1.147
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.579 + 1.229
9. Оливер Тарви Мекларен 1:22.662 + 1.312
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:23.002 + 1.652
11. Хеики Ковалаинен Катерам 1:23.169 + 1.819
12. Тимо Глок Марусија 1:23.466 + 2.116
Роман Грожан звездата на оваа тест сесија е среќен со надградбите применети на нивниот болид. Тој е убеден дека се подобрувања на нивниот болид E20 се вистински погодок.
Ред Бул станува се посилен, изјави тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Тој е убеден дека неговиот тим има постигнато напредок по тест сесијата во Муџело и се надева дека после победата на Себ во Бахреин ќе следува нова на Шпанското ГП следниот викенд.
Фернандо Алонсо изјави дека поставеноста на ауспусите не е главниот проблем на Ферари и го минимизираше значењето на промените во задниот дел на болидот, и дека промените направени на оваа тест сесија во таа област не се од големо значење за нив. Според него главното следува во Шпанија.
По виденото на тест сесијата, Луис Хамилтон, смета дека има добри шанси за постигнување на својата Прва Гран при победа на следната трка на патеката Каталуња, Барселона.
Камуи Кобајаши е убеден дека Заубер има направено добар чекор напред со своите најнови надградби на болидот, но е свесен дека и нивните ривали, исто така, не седат со скрстени раце по Бахреин ГП.
Михаел Шумахер е дежурниот песимист за Мерцедес АМГ и предупреди дека нивниот болид нема да може добро да се прилагоди на барањата на патеката Каталуња за Шпанското ГП.
ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ТРИТЕ ТЕСТ ДЕНА
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Ромен Грожан Лотус 1:21.035 163
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:21.267 + 0.232 170
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:21.363 + 0.328 144
4. Камуи Кобајаши Заубер 1:21.603 + 0.568 135
5. Даниел Рикардо Торо Росо 1:21.604 + 0.569 139
6. Марк Вебер Ред Бул 1:21.997 + 0.962 78
7. Серџо Перез Заубер 1:22.229 + 1.194 118
8. Фелипе Маса Ферари 1:22.257 + 1.222 106
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:22.325 + 1.290 55
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:22.422 + 1.387 97
11. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.497 + 1.462 63
12. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.579 + 1.544 178
13. Оливер Тарви Мекларен 1:22.662 + 1.627 129
14. Пол ди Реста Форс Индија 1:23.002 + 1.967 48
15. Хеики Ковалаинен Катерам 1:23.169 + 2.134 139
16. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:23.404 + 2.369 149
17. Тимо Глок Марусија 1:23.466 + 2.431 147
18. Чарлс Пик Марусија 1:23.982 + 2.947 91
19. Жером Д'Амброзио Лотус 1:24.048 + 3.013 40
20. Виталиј Петров Катерам 1:24.312 + 3.277 112
21. Гери Пафет Мекларен 1:24.480 + 3.445 63
22. Бруно Сена Вилијамс 1:24.842 + 3.807 100
23. Жил Бjанки Форс Индиja 1:25.475 + 4.440 19
24. Рoдолфо Гонзалес Катерам 1:27.197 + 6.162 35
25. Валтери Ботас Вилијамс 1:30.966 + 9.931 28