Себастијан Ветел очекува голем број на пит-стоп за време на Шпанското Гран При поради високите температури на патеката.
Фернандо Алонсо е убеден дека најновите надградби на Ферари ќе работат овој викенд, но повторно ги минимизираше очекувањата од неговото домашно ГП.
Михаел Шумахер вели дека корисноста на тестот во Муџело е прикажана на денешните слободни тренинзи.
Возачот на Лотус, Роман Грожан призна дека е среќен по денешниот продуктивен ден за неговиот тим, иако заврши само како шести најбрз.
Џенсон Батон призна дека тој се уште се бори да го разбере однесувањето на гумите на Пирели со тврдата компонента и покрај поставувањето на најбрзото време денес во Барселона.
На крилјата на второто место од Бахреин ГП, Кими Раиконен е оптимист дека неговиот тим Лотус повторно може да биде силен и во Шпанија.
Луис Хамилтон е задоволен со новите надградби на Мекларен, но призна дека тој се уште не го пронашол вистинскиот сет-ап на болидот за време наденешните тренинзи.
Марк Вебер изјави дека тимот на Ред Бул се стекнал со важни податоци за време на слободните тренинзи и дека RB8 работел добро и на долги и кратки стинтови.
Серџо Перез се надева дека новите надградби на болидот на Заубер ќе му овозможат да биде конкурентен, дури и ако условите останат како на денешниот попладневен тренинг, т.е. многу жежок асфалт на 40 степени.
2012 ШПАНСКО ГП: СУМИРАНИ ИЗЈАВИ ПО ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНЗИ
5/11/2012 07:49:00 PM
0
Tags
Share to other apps