Луис Хамилтон денес ги докажа своите врвни возачки способности!!!
Луис Хамилтон со неверојатна способност на адаптација на временските услови успеа супериорно да стигне до Пол позицијата за Шпанското Гран При. Финишот на овие Квалификации беше досега најдраматичен за што потврдува фактот што возачот на првата позиција се смени три пати во финалите неколку секунди од третата сесија.Хамилтон со неверојатно време од 1:21.707 беше половина секунда побрз од Пастор Малдонадо со болидот на Вилијамс и миленикот на домашната публика Фернандо Алонсо. Следува дуото на Лотус, Роман Грожан и Кими Раиконен, кои ги заокружуваат првите пет стартни позиции.
Двата болиди на Заубер успеаа да се пласираа во Q3, со Серџо Перез како шести, а Камуи Кобајаши на 10-тата позиција. Тој не постави време бидејќи неговиот болид имаше проблеми при враќањето кон боксот на крајот од Q2. Нико Розберг беше седми и направи само еден круг рано на почетокот во Q3.
Лидерот во шампионатот Себастијан Ветел трката ќе ја започне од осмата позиција пред Михаел Шумахер. Тие избраа да не постават време за да ги зачуваат нивните гуми за трката. Ветел се обиде да постави време, но не беше брз, па се откажа, а додека Шумахер не ни излезе. Со нив завршува пласманот на најдобрите десет.
За разлика од нивните тимски колеги, Џенсон Батон и Марк Вебер беа да речеме најголемите губитници во овие Квалификации, бидејќи и двајцата не се пласираа во Q3 и ќе започнат од 11-тата и 12-тата позиција, соодветно. Тоа значи дека Џенсон се соочува со тешка задача во неделната трка, бидејќи не располага со нови сетови на меки гуми.
Денес беше лош ден за Фелипе Маса, бидејќи возачот на Ферари ја забележа својата најлоша стартна позиција досега во оваа веќе разочарувачка сезона за него, и се пласира дури на 17-тата стартна позиција.
Додека Малдонадо се бореше за Пол позицијата, неговиот тимски колега од Вилијамс, Бруно Сена, мака мачеше со својот болид и квалификации ги заврши во чакалот на крајот од Q1 сесијата, што беше и крај на неговите надежи заповисок пласман. Виталиј Петров за прв пат го победи својот тимски колега Хеики Ковалаинен на крајот од стартниот поредок. Чарлс Пик беше побрз од својот колега во Марусија, Тимо Глок. Возачот на ХРТ, Нараин Картикејан, не влезе во границата од 107% и ќе треба стјуардите да дозволат да се трка. Но, не би тгребало да има проблеми околу тоа, бидејќи во тренинзите има забележано време внатре во 107%.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:21.707
2. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.285 + 0.578
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:22.302 + 0.595
4. Роман Грожан Лотус 1:22.424 + 0.717
5. Кими Раиконен Лотус 1:22.487 + 0.780
6. Серџо Перез Заубер 1:22.533 + 0.826
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.005 + 1.298
8. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време
9. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ без поставено време
10. Камуи Кобајаши Заубер без поставено време
Q2 Најбрзо време: Пастор Малдонадо 1:22.105 Разлика
11. Џенсон Батон Мекларен 1:22.944 + 0.839
12. Марк Вебер Ред Бул 1:22.977 + 0.872
13. Пол Ди Реста Форс Индија 1:23.125 + 1.020
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:23.177 + 1.072
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:23.265 + 1.160
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:23.442 + 1.337
17. Фелипе Маса Ферари 1:23.444 + 1.339
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:22.583 Разлика
18. Бруно Сена Вилијамс 1:24.981 + 2.398
19. Виталиј Петров Катерам 1:25.277 + 2.694
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:25.507 + 2.924
21. Чарлс Пик Марусија 1:26.582 + 3.999
22. Тимо Глок Марусија 1:27.032 + 4.449
23. Педро Де Ла Роса ХРТ 1:27.555 + 4.972
24. Нараин Кертикејан ХРТ 1:31.122 + 8.539
107% Време: 1:28.363