Вилнев и Алонсо евоцираат спомени!!!
Мартин Витмарш потврдува дека болидот на Мекларен ќе биде со повисок нос во Барселона како што беше на тест сесијата во Муџело. Тој истакна и дека го поддржуваат Пирели, велејќи дека нискиот грип и високото трошење на гумите е добро од тркачки аспект и критиките не се во ред.Фернандо Алонсо инсистира дека Ферари "мора да ги смени работите во нивна корист" почнувајќи од Шпанското Гран При по тешкиот старт на сезоната. Исто така Шпанецот мисли дека нема доволно почитување меѓу возачите, како во минатите времиња, алудирајќи на неговиот дуел со Розберг.
Мерцедес АМГ ги отфрли сите шпекулации дека тие ја разгледуваат можноста за напуштање на Формула 1 и покрај проблемите со Конкорд договорот.