Фернандо Алонсо втората победа во сезоната остварена пред домашната публика ја доживеа многу емоционално:
"Не постојат зборови што може да го опишат ова чувство на победа пред домашната публика. Тоа е уникатно и посебно. Го почувствував тоа во 2006 година во Барселона, а денес во Валенсија. Трибините беа полни со црвена боја и Шпански знамиња, а по победата на нашите фудбалери, се чувствувам горд што сум Шпанец во овој момент. Ова е веројатно најдобрата победа во мојата кариера"
Кими Раиконен смирено и без емоции како и секогаш по трката изјави дека Лотус немал темпо за Победа на оваа трка.
"Денес немавме брзина. Второто место е во ред, но тоа не е она што сакавме. Стартот беше добар, но во еден момент бев блокиран од Малдонадо и загубив неколку места и останав заглавен зад лидерите. Имавме жестоки дуели со болидите околу нас некогаш ние претекнувавме, но некогаш тие не претекнуваа нас."
Михаел Шумахер изненаден и пресреќен со долго очекуваниот пласман на Подиумот, кој се случил толку ненадејно и неочекувано:
"Wow, јас во ни еден момент од трката не помислив дека ќе бидам тука на подиумот, ова е прекрасен резултат! Конечно се случи и тоа! По толку долго време на чекање и пласманот на подиумот се случи така неочекувано, се чувствувам екстра среќен. Мислам дека ова е најдобриот одговор за сите кои почнаа да се сомневаат во нашата работа. Ние никогаш не се откажуваме. Голема благодарност до тимот и за сите оние што веруваа дека ќе бидеме на подиумот повторно. Тоа е она што се вика тимска работа. Не помислував на подиумот ни во последните моменти на трката, бидејќи бев прилично зафатен во последните кругови и не пребројував на кое место се наоѓам во моментот и тогаш кога ја преминав целната линија, ги прашав момците каде сум и тие рекоа "Трето место, ти си на подиумот".Тоа е еден од оние моменти во кои уживате како возач. Спектакуларна трка со многу стратегија и голем број на престигнувања на патеката на која престигнувањето е тешко. "
2012 ЕВРОПА ГП: АЛОНСО МНОГУ ЕМОЦИОНАЛНО ЈА ДОЖИВЕА ПОБЕДАТА!!!!
6/24/2012 08:03:00 PM
0
Tags
Share to other apps