Алонсо заврши 6.4 секунди пред Кими Раиконен на второто место, а како и на секоја претходна трка клучно беше однесувањето на гумите на Пирели. Тие што остварија пласман на Подиумот имаа најдобро зачувани гуми. Прв на кого му откажаа гумите беше Луис Хамилтон, кој во тој момент беше на второто место, се мачеше да го одржи својот болид на патеката и на второ место но беше удрен од страна на Пастор Малдонадо во претпоследниот круг. Па така Михаел Шумахер го наследи третотото место и првиот подиум по неговото враќање во Формула 1. Марк Вебер, кој стартуваше од 19-тата позиција заврши на четвртото место.
Трката започна со перфектен старт на Себастијан Ветел и во првите 28 круга од трката направи огромна разлика, па изгледаше дека ништо не може да ја загрози неговата Победа, но излегувањето на безбедносното возило го промени текот на целата трка. Во 27 круг Жан-Ерик Верн необјасниво сврте во болидот на Хеики Ковалаинен, предизвикувајќи дупнати гуми на двата болида, а како резултат на тоа патеката имаше многу остатоци од гума. Предноста на Ветел беше анулирана, а потоа неговите шанси за победата целосно исчезнаа по откажувањето на неговиот Алтернаторот.
При рестартот на трката Шампионски потег на Фернандо Алонсо кога го помина "заспаниот" Роман Грожан, кој можеби имаше сили и брзина за повторно да го превземо водството, но мораше да застане на патеката поради проблем со бензиската пумпа. Од тој момент на трката се беше сведено на тоа кој подобро ќе ги зачува своите гуми, бидејќи сите водечки возачи ставија нов сет на гуми при излегувањето на безбедносното возилото, и им беше кажано од своите инженери дека треба да ги соочуваат до самиот финиш на трката.
Откажувањето на Грожан го промовираше Хамилтон на второ место, но тој мораше да менаџира добро со неговите гуми, со знаење дека Раиконен демне зад него. На крајот Мекларенот се покажа како најсуров кон своите гуми, па Раиконен лесно го помина Британецот за второ место. Со тоа Победата на Алонсо беше безбедна, па фокусот се префрли на Малдонадо, кој брзо се доближуваше до Хамилтон. По лесното поминување на Раиконен се чинеше неизбежно дека и Вилијамс ќе го направи истото, но Хамилтон не се предаваше така лесно. Па така на само еден и пол круг до крајот, Малдонадо се обиде да најде начин да го мине Хамилтон од надворешната страна на кривината 12, но тој не можеше да се задржи на патеката и се најде себеси надвор од истата, а при своето враќање преку ивичњаците во кривината 13 удри во болидот на Хамилтон, со што ја уништи трката за нив двајцата. Судирот му овозможи на Шумахер да заврши на подиумот за прв пат по својот кам-бек во Формула 1.
Во изненадувачкиот пласман на трката добри поени за Форс Индија, со Нико Хулкенберг на петтото место и Пол ди Реста на седмото место, разделени од страна на Нико Розберг на шестото место. Џенсон Батон се мачеше да го задржи осмото место пред Серџо Перез, а Малдонадо успеа некако да финишира на 10-тото место.
Со неуспехот на неговите двајца најблиски ривали, Алонсо сега води во генералниот пласман на возачите со 20 поени пред Вебер, 23 поени пред Хамилтон и 26 поени пред Ветел.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ЕВРОПА, ВАЛЕНСИЈА, ШПАНИЈА
57 круга, 308.883км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1ч44:16.449
2. Кими Раиконен Лотус + 6.421
3. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 12.639
4. Марк Вебер Ред Бул + 13.628
5. Нико Хулкенберг Форс Индија + 19.993
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 21.176
7. Пол ди Реста Форс Индија + 22.866
8. Џенсон Батон Мекларен + 24.653
9. Серџо Перез Заубер + 27.777
10. Пастор Малдонадо Вилијамс + 34.653
11. Бруно Сена Вилијамс + 35.961
12. Даниел Рикардо Торо Росо + 37.041
13. Виталиј Петров Катерам + 1:15.871
14. Хеики Ковалаинен Катерам + 1:34.654
15. Чарлс Пик Марусија + 1:36.551
16. Фелипе Маса Ферари + 1 круг
17. Педро Де Ла Роса ХРТ + 1 круг
18. Нараин Картикејан ХРТ + 1 круг
19. Луис Хамилтон Мекларен + 2 круга
Најбрз Круг: Нико Розберг - 1:42.163
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
Роман Грожан Лотус 41
Себастијан Ветел Ред Бул 34
Камуи Кобајаши Заубер 34
Жан-Ерик Верн Торо Росо 27
Тимо Глок Марусија 1
Генерален пласман по 8 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Ф.Алонсо 111 1. Ред Бул 176
2. М.Вебер 91 2. Мекларен 137
3. Л.Хамилтон 88 3. Лотус 126
4. С.Ветел 85 4. Ферари 122
5. Н.Розберг 75 5. Мерцедес АМГ 92
6. К.Раиконен 73 6. Заубер 60
7. Р.Грожан 53 7. Вилијамс 45
8. Џ.Батон 49 8. Форс Индија 44
9. С.Перез 39 9. Торо Росо 6
10. П.Малдонадо 30
11. Пол Ди Реста 27
12. К.Кобајаши 21
13. Н.Хулкенберг 17
14. М.Шумахер 17
15. Б.Сена 15
16. Ф.Маса 11
17. Ж. Верн 4
18. Д.Рикардо 2