Формула 1 се враќа дома, Силверстоун е местото каде што се започна во 1950-тата година со одржување на првата трка во историјата на Светскиот Шампионат. Оваа патека беше домаќин на секое Британско Гран При од 1950 година, со исклучот на период помеѓу 1964 и 1986 година, кога тоа се одржуваше во Брендс Хеч(Brands Hatch) и 1955-1962 кога се одржуваше на Ејнтри(Aintree). Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи кривини на почетокот со голем број на бавни кривини кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како една од најсложените комбинациии на кривини во шампионатот.
Во пресрет на Британското ГП, најмногу очекуваме да ги видиме најновите надградби на Мекларен, за кои Сем Мајкл вели дека очекува да бидат во вредност од повеќе од една десетинка по круг, иако верува дека неговиот тимот има малку поголемо заостанување зад тимот на Ред Бул.
Иако Ферарито на Фернандо Алонсо на крајот триумфираше во Валенсија, беше очигледно дека Ред Бул има направено голем чекор напред, со Себастијан Ветел кој стартуваше од Пол позицијата со предност од три десетинки од секундата, а потоа во трката пред да излезе безбедносното возило беше за секунда побрз од сите останати.
Традиционално Силверстоун е патеката која му одговара на Ред Бул, болид кој има совршена аеродинамика, што е многу ефикасно во брзите кривини. Значи, тоа е тимот што во моментов треба да се победи. Фернандо Алонсо пак е водечкиот во Шампионатот и е единствениот возач со две Победи оваа сезона, а Шпанецот исто така Победи и на минато годишното Британско ГП на 60-годишнината на Ферари во Ф1.
Но, досега оваа сезона видовме доста голем број на трки на кои победи стратегијата на тимовите, а со нестабилната временска прогноза за Силверстоун и ниските температури, однесувањето на гумите ќе биде непредвидливо, па треба да имаме уште еден интересен викенд(ова би требало да го отпише Лотус од борба за Победата, но конфигурацијата на патеката одговара на нивниот болид па можеби би се бореле за место на Подиумот).
Силверстоун го сакаат и возачите и инженерите, поради брзите кривини кои ги нуди. Патеката е изградена на воен аеродром и е на ветровито место, со налети на ветрот што често може да го нарушат балансот на болидите.
Пирели како што знаеме донесе гуми со мека и тврда компонента за оваа година, сличен избор на она што го видовме во Барселона. Тие исто така носат и експериментални гуми со тврда компонента за тимовите да ги тестираат на петочните тренинзи. Тие би требало да имаат поширок оперативен опсег на температурата и да траат подолго. Таа се развива за употреба во 2013 година. Според мене ова не е баш нешто добро, и води кон не толку возбудлива сезона.
Ниските температури би требало да му одмогнат на тимот на Лотус, но сосема спротивното важи за Мерцедес АМГ, па Розберг дава изјави од типот дека тој се бори за Титулата. "Претходно ние копиравме, но сега ние воведуваме нови работи на болидот, кои работат многу добро за нас. Рос се уште е многу паметен" со насмевка искоментира Розберг.
Временската прогноза за денес е многу дожд, за сабота треба да биде подобро, но повторно дожд за во недела. Спортските прописи велат дека секој возачот не може да користи повеќе од четири комплети на Интермедиа гуми и три комплети на фул-вет гуми во еден тркачки викенд, освен ако СТ1 и СТ2 се прогласат за влажни, во кој случај дополнителен сет на интермедиа гуми им се става на располагање на возачите, но тие мора да бидат вратени пред почетокот на Саботниот тренинг.
Во праксат тоа би значело да не очекувате многу акција на слободните тренинзи.
ВО ПРЕСРЕТ НА НАЈСТАРОТО ГРАН ПРИ - 2012 СИЛВЕРСТОУН
7/06/2012 12:52:00 AM
0
Tags
Share to other apps