Роман Грожан најбрз на потопената патека !!!
Роман Грожан го постави најдоброто време за време на првиот слободен тренинг во Силверстоун за Британското Гран При.Хаотична сесија и обилни дождови ги поздравија Ф1 тимовите, но мораше да се продолжи според планираното и покрај првичните најавувања за целосно откажување на тренинг сесијата.Како и секогаш кога има влажна патека видовме неколку интересни моменти и извртувања додека возачите го тестираа грипот на болидите. Роман Грожан го постави своето време непосредно пред дождот да се интензивира уште повеќе, со што и надежите за побрзи времиња исчезнаа. Фернандо Алонсо и болидите на Форс Индија не поставија време, иако неколку пати излегоа на патеката.
За разлика од нив Камуи Кобајаши беше најзафатениот возач во однос на извозени кругови, но и го имаше најинтересното излетување, кога изгуби контрола врз болидот поради аквапланинг од толку насобраната вода на патеката.
Како што напоменавме, Пирели донесе нови гуми со тврда компонента за тимовите да ги тестираат, но условите не беа ни блиску за овие гуми да бидат употребливи. За вториот слободен тренинг кој започнува во 15:00 ceт, најверојатно ќе ги имаме истите услови на патеката.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Роман Грожан Лотус 1:56.552 13
2. Даниел Рикардо Торо Росо 1:56.827 + 0.275 10
3. Луис Хамилтон Мекларен 1:57.174 + 0.622 6
4. Серџо Перез Заубер 1:57.664 + 1.112 11
5. Фелипе Маса Ферари 1:58.119 + 1.567 7
6. Марк Вебер Ред Бул 1:58.463 + 1.911 7
7. Камуи Кобајаши Заубер 1:58.483 + 1.931 19
8. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:58.493 + 1.941 10
9. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:58.942 + 2.390 8
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:59.076 + 2.524 12
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:59.414 + 2.862 11
12. Виталиј Петров Катерам 1:59.614 + 3.062 9
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:59.733 + 3.181 7
14. Хеики Ковалаинен Катерам 1:59.787 + 3.235 10
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 2:00.125 + 3.573 5
16. Кими Раиконен Лотус 2:00.253 + 3.701 6
17. Џенсон Батон Мекларен 2:01.834 + 5.282 6
18. Тимо Глок Марусија 2:01.835 + 5.283 6
19. Педро де ла Роса ХРТ 2:04.341 + 7.789 9
20. Дани Клос ХРТ 2:05.022 + 8.470 11
21. Чарлс Пик Марусија 2:11.760 + 15.208 6
22. Фернандо Алонсо Ферари 4
23. Пол ди Реста Форс Индија 3
24. Жил Бјанки Форс Индија 1
Хамилтон секогаш е добар на дожд !!!
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГПовторно влажна сесија, a oвој пат најбрз беше Луис Хамилтон со Мекларен следен од Каму Кобајаши со Заубер и Михаел Шумахер со Мерцедес АМГ. Комбинацијата од многу дожд и ограничениот број на Full-Wet и Интермедиа гуми за секој возач, значеше дека нема да има многу излегувања на патеката.
Кога при крајот на тренингот се создадоа какви-такви услови, имаше понатамошно одложување кога Бруно Сена го залепи својот Вилијамс во бариерите. Тоа предизвика 10-минутно црвено знаме. Неговите механичари нема да имаат одмор, ако сакаат да се спреми болидот за утрешниот ден.
Неколку возачи, вклучувајќи ги Фернандо Алонсо и Себастијан Ветел, излегоа на патеката со Интермедиа гуми, но беа далеку од нормалното темпо, а при крајот на тренингот Шпанецот излета и удри во бариерите, но во далеку помала мера отколку што тоа го направи Бруно Сена.
За утре се очекува подобро време, па да се надеваме на повеќе акција на патека. За недела, прогнозите велат дека речиси сигурно ќе врне и затоа сите ги чуваа гумите на денешните тренинзи.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:56.345 8
2. Камуи Кобајаши Заубер 1:56.474 + 0.129 15
3. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:56.545 + 0.200 11
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:56.567 + 0.222 9
5. Серџо Перез Заубер 1:57.493 + 1.148 13
6. Џенсон Батон Мекларен 1:57.948 + 1.603 9
7. Хеики Ковалаинен Катерам 1:58.580 + 2.235 10
8. Кими Раиконен Лотус 1:58.897 + 2.552 8
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:58.943 + 2.598 11
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:59.015 + 2.670 14
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:59.429 + 3.084 9
12. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:59.472 + 3.127 6
13. Себастијан Ветел Ред Бул 1:59.476 + 3.131 10
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:59.854 + 3.509 7
15. Фелипе Маса Ферари 2:00.565 + 4.220 7
16. Тимо Глок Марусија 2:00.820 + 4.475 11
17. Бруно Сена Вилијамс 2:01.099 + 4.754 6
18. Виталиј Петров Катерам 2:01.348 + 5.003 12
19. Чарлс Пик Марусија 2:03.719 + 7.374 8
20. Нараин Картикејан ХРТ 2:04.774 + 8.429 8
21. Роман Грожан Лотус 1
22. Даниел Рикардо Торо Росо 2
23. Марк Вебер Ред Бул 1