Денес на сајтот на Ферари е објавено дека тимот веќе почнал со тестови на моторот за 2014 година. Лука Мраморини, шефот на одделот за мотори и електрониката вели дека неговиот тим добро напредува со својата работа на сите мотори, почнувајќи од оваа сезона, за следната, како и новите турбо В6 мотори.
Другите производители на Ф1 мотори, Рено и Мерцедес, се верува дека веќе ги имаат започнато тестовите на нивните нови В6 мотори. За разлика од нив судбината на независниот снабдувач PURE останува неизвесна, откако компанијата го стопираше развојот на нивниот мотор претходно овој месец, поради тешкотии во финансирањето.
Исто така не е јасно дали или не Косворт ќе изберат да инвестираат во скапиот развој на мотор за 2014 година.
ФЕРАРИ ПО СТАПКИТЕ НА РЕНО И МЕРЦЕДЕС
8/27/2012 05:22:00 PM
0
Tags
Share to other apps