Жил Бјанки го очекува светла иднина во Формула 1?!?
Жил Бјанки докажа дека е најбрзиот од младите возачи и остана на чело на табелата и во последниот трет ден на тест сесијата во Magny-cours, Франција. Денес повторно со болидот на Ферари. Втор најбрз беше Рудолф Гонзалес со Форс Индија, а трет остана Брендон Хартли со Мерцедес АМГ.Денот започна на влажна патека, па така пред пладне возачите направија малку кругови. Бјанки извозе најмногу кругови денес, и тоа 138. Ферари работеа на неколку различни предни крила, а Бјанки го забележа најбрзото време на крајот на денот. Ферари останаа на патеката до самиот крај на тестот, додека од Мерцедес АМГ завршија еден час порано, а Форс Индија повеќе од два часа пред официјалниот крај на тестот.
Мерцедес продолжија да работат со новите ауспуси, но видовме уште едно дополнување на нивниот аеро пакетот. На хаубата се врати перката на ајкулата, а интересно беше дека на неа имаше натпис 07 MSC (Михаел Шумахер).
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Жил Бјанки Ферари 1:16.985
2. Рудолф Гонзалес Форс Индија 1:18.018 +1.033
3. Брендон Хартли Мерцедес АМГ 1:18.671 +1.686