Моментот по кој ќе се памти денешната трка !!!
Џенсон Батон со Мекларен победи на трката за Големата награда на Белгија на легендарната патека Спа-Франкоршамп. Пласман на подиумот изборија уште Себастијан Ветел со Ред Бул и Кими Раиконен со Лотус.
Батон победи на доста убедлив начин, незагрозен од никого од стартот до финишот. Вистинската драма на стартот во првата кривина, кога Роман Грожан не остави место за Луис Хамилтон и двајцата се допреа со гумите. Тој допир доведе до вистински карамбол во кој настрадаат директните учесници Грожан и Хамилтон и колатералната штета, Алонсо и Перез.Несреќата започна кога Грожан се движеше накосо по патеката за што подобар пристап до La Source, при тоа блокирајќи го Хамилтон. Следува контакт и лет во болидите пред нив на еден драматичен начин. Шпанецот имаше многу среќа кога Грожан прелета преку неговиот болид. Елиминирани беа Алонсо и Перез, додека бавниот стартер Камуи Кобајаши и Пастор Малдонадо (кој имаше предвремен старт) претрпеа штета на болидите, но по посетата на боксовите се вратија на патеката. Но, Малдонадо наскоро беше повторно надвор по рестартот на трката и судирот со Тимо Глок.
При безбедносното возило редоледот беше Батон на првото место пред Раиконен, Хулкенберг и Пол ди Реста. Михаел Шумахер стигна до петто место, а и Себ имаше голем напредок по карамболот. При борбата да го помине Шуми, Германецот нагло му го пресече патот и за овој инцидент ќе се решава во овие моменти по трката. А за решевање има премногу инциденти, а прв се разгледува инцидентот на стартот на трката.
Батон имаше инзворедно темпо и по рестартот на трката, и нити во еден момент не беше под закана, имаше само една посета на механичарите, која повторно беше рекордна, само 2.6 секунди. Незагрозен од никого успеа својата прва Пол позиција за Мекларен да ја претвори во втора победа оваа сезона.
Иако повеќето очекуваа дека Раиконен ќе биде сериозен кандидат за победа, тоа не се покажа точно. Лотусот на почетокот на трката имаше очајно темпо, и без проблеми го престигнаа дури и Шумахер и Хулкенберг. Но, од друга страна Пит-стопот во раниот период на трката му донесе добивка подоцна, но Кими не можеше подобро од третото место.
Добитната стратегија на СПА беше само едно застанување во боксовите, стратегија која ја имаше и Ветел за на крајот да заврши на второто место, и значително си ги засили своите шампионски аспирации. Предноста на Алонсо е намалена на достижни во една трка 24 бодови.
Добитната стратегија не работеше само кај Мерцедесот на Шумахер, кој при крајот на трката беше под голем притисок на Раиконен и Хулкенберг, кои два пати беа во боксовите. Последица на ова беше спектакуларното претекнување на Шуми од страна на Раиконен на најспектакуларната кривина во Ф1 календарот Eau Rogue. На крајот Шуми мораше по нови гуми и план Б. Кога се врати на патеката Раиконен и Хулкенберг беа далеку, а пред него се најдоа и Маса и Вебер. Шумахер мораше да се задоволи со седмото место, пред Верн, Рикардо и ди Реста.
Следната трка во Ф1 шампионатот е следниот викенд на уште полегендарната патека Монца, за Големата Награда на Италија.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА, Спа-Франкоршамп
44 круга, 308.052км. Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Џенсон Батон Мекларен 1ч29:08.530
2. Себастијан Ветел Ред Бул + 13.624
3. Кими Раиконен Лотус + 25,334
4. Нико Хулкенберг Форс Индија + 27,843
5. Фелипе Маса Ферари + 29,845
6. Марк Вебер Ред Бул + 31,244
7. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 53,374
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 58,865
9. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:02.982
10. Пол Ди Реста Форс Индија + 1:03.783
11. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:05.111
12. Бруно Сена Вилијамс + 1:11.529
13. Камуи Кобајаши Заубер + 1:56.119
14. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
15. Тимо Глок Марусија + 1 круг
16. Чарлс Пик Марусија + 1 круг
17. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
18. Педро Де ла Роса ХРТ + 1 круг
Најбрз Круг: Бруно Сена - 1:52.822
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Нараин Картикејан ХРТ 30
Пастор Малдонадо Вилијамс 5
Серџо Перез Заубер 1
Ферари Алонсо Ферари 1
Луис Хамилтон Мекларен 1
Роман Грожан Лотус 1
Генерален пласман по 12 Трки:
Возачи: Конструктори:
1. Ф.Алонсо 164 1. Ред Бул 272
2. С.Ветел 140 2. Мекларен 218
3. М.Вебер 132 3. Лотус 207
4. К.Раиконен 131 4. Ферари 199
5. Л.Хамилтон 117 5. Мерцедес АМГ 112
6. Џ.Батон 101 6. Заубер 80
7. Н.Розберг 77 7. Форс Индија 59
8. Р.Грожан 76 8. Вилијамс 53
9. С.Перез 47 9. Торо Росо 12
10. М.Шумахер 35
11. Ф.Маса 35
12. К.Кобајаши 33
13. Н.Хулкенберг 31
14. П.Малдонадо 29
15. П.Ди Реста 28
16. Б.Сена 24
17. Ж.Верн 8
18. Д.Рикардо 4