Еден од посреќните денес треба да биде и Фернандо Алонсо, чиј болид беше удрен на првата кривина од страна на болидите на Лотус и Мекларен, по што тој по инерција заврши во болидот на Перез. Шпанецот по поминатите прегледи, изјави:
"Многу сум разочаран што изгубив доста бодови. Сакам да се вратам што е можно побрзо во болидот и во Монца да го надокнадам изгубеното. Од друга страна јас сум среќен што останав неповреден, бидејќи тоа беше опасен судир. Сериозноста на инцидентот ја видов на снимката. Останав во болидот неколку секунди повеќе бидејќи почувствував болка во грбот".
"Стартот беше интересен уште пред тој судир. Бев изненаден од Малдонадо, бидејќи ние се уште имавме црвени светла а тој веќе беше П3 или П2. Тоа беше многу предвремен старт на трката. Јас стартував добро, ги престигнав двата болиди на Заубер и бев на третото место. Но, кога почнав да вртам на кривината почувствував како воз да удрил во мене. Тоа беше голем, голем удар."
ФЕРНАНДО СРЕЌЕН ШТО ОСТАНАЛ НЕПОВРЕДЕН
9/02/2012 06:02:00 PM
0
Tags
Share to other apps