Себ конечно до втората победа оваа сезона!!!
Себастијан Ветел, конечно ја забележа втората победа оваа сезона на трката во Сингапур.
За да се случи тоа чудо, мораше да се расипе менувачот на Мекларенот на Луис Хамилтон кој убедливо водеше на трката и беше пред нова победа.
Но треба да имаш среќа, а оваа сезона Британецот ја нема многу на негова страна.Џенсон Батон на второ место со драгоцени поени за Мекларен, а на третото место Фернандо Алонсо кој успешно ја одржува предноста во шампионатот. Стартерот од првиот ред Пастор Малдонадо мораше да се откаже од трката поради хидраулични проблеми со неговиот болид, кога се бореше со Алонсо за место на подиумот.
По успешниот старт на Хамилтон и Ветел кои го поминаа, за волја на вистината, многу внимателниот Малдонадо, беа единствените кандидати за победата на трката пред проблемите на Мекларен, иако се чини дека Британецот ја имаше ситуацијата под контрола. Третопласираниот Батон, исто така на стартот го помина Малдонадо, но немаше брзина да се држи со водечките.
Себ се реши прв да влезе во бокс по промена на гуми, што се покажа грешна стратегија, бидејќи тој излезе во густ сообраќајот, а Хамилтон два круга подоцна со повторно најбрз пит-стоп на трката комотно си го задржа првото место.
Се одеше во корист на Хамилтон се до 22 круг, кога откажа менувачот на неговиот болид . Ветел го превзеде водството и покрај двете излегувања на безбедносниот автомобил, никогаш не беше во опасност да го изгуби.
Безбедносниот автомобил имаше две излегувања: Прв пат кога Нараин Картикејан го удри својот ХРТ во заштитната ограда пред влезот во тунелот, а вториот пат кога Михаел Шумахер се удри во болидот на Жан-Ерик Верн при рестартот на трката.
Пред и по рестартот се водеше интересна борба за третото место. Малдонадо со добро дефанзивно возење пред Алонсо, но при безбедносното возило, погрешна процена за влез во боксот го врати на 10-тото место, а Алонсо остана на патеката и го презеде третото место. Таа одлука веројатно обезбеди место за Ферари на Подиумот, а малку подоцна Малдонадо мораше да се откаже со хидраулични проблеми на болидот.
Пол ди Реста со најдобар пласман оваа сезона, на одличното четврто место за Форс Индија. Нико Розберг заврши на 5-тото место пред болидите на Лотус, со Кими Раиконен пред Роман Грожан. Фелипе Маса имаше дупната гума веќе во вториот круг, но успеа да го обезбеди осмото место. Бразилецот можеби го имаше потегот на денот при престигнувањето на Бруно Сена со неверојатен потег и потскокнување на патеката, но успеа да го исконтролира својот болид, за што комплименти доби и од својот сонародник по тимското радио.
Безбедносното возило ја уништи трката на Марк Вебер, а најдобро што можеше е десеттото место, кое по трката му е одземено. За одбележување е 12-тото место на Тимо Глок, што ја пресели Марусија пред Катерам во поредокот на конструкторите.
Голема Награда на Сингапур, Марина Беј
61 круга, 309.316км. Време: Ноќна трка, суво.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 2ч00:26,144
2. Џенсон Батон Мекларен + 8,959
3. Фернандо Алонсо Ферари + 15,227
4. Пол Ди Реста Форс Индија + 19,063
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 34,784
6. Кими Раиконен Лотус + 35,759
7. Роман Грожан Лотус + 36,698
8. Фелипе Маса Ферари + 42,829
9. Даниел Рикардо Торо Росо + 45,820
10. Марк Вебер Ред Бул + 47,175
11. Серџо Перез Заубер + 50,619
12. Тимо Глок Марусија + 1:31.918
13. Камуи Кобајаши Заубер + 1:37.141
14. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:39.413
15. Чарлс Пик Марусија + 1:42.925
16. Хеики Ковалаинен Катерам + 1:47.967
17. Педро Де ла Роса ХРТ + 1 круг
18. Бруно Сена Вилијамс + 2 круга
19. Виталиј Петров Катерам + 2 круга
Најбрз круг: Нико Хулкенберг - 1:51.033
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При Круг
Жан-Ерик Верн Торо Росо 38
Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 38
Пастор Малдонадо Вилијамс 36
Нараин Картикејан ХРТ 30
Луис Хамилтон Мекларен 22
Генерален пласман по 14 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Фернандо Алонсо 194 1. Ред Бул 298
2. Себастијан Ветел 165 2. Мекларен 261
3. Кими Раиконен 149 3. Ферари 245
4. Луис Хамилтон 142 4. Лотус 231
5. Марк Вебер 133 5. Мерцедес АМГ 136
6. Џенсон Батон 119 6. Заубер 100
7. Нико Розберг 93 7. Форс Индија 75
8. Роман Грожан 82 8. Вилијамс 54
9. Серџо Перез 65 9. Торо Росо 14
10. Фелипе Маса 51
11. Пол Ди Реста 44
12. Михаел Шумахер 43
13. Камуи Кобајаши 35
14. Нико Хулкенберг 31
15. Пастор Малдонадо 29
16. Бруно Сена 25
17. Жан-Ерик Верн 8
18. Даниел Рикардо 6