Луис Хамилтон им се заблагодари на сите во тимот на Мекларен што му овозможија да стигне до Пол позицијата за утрешната трка за Големата Награда на Сингапур. Британецот делуваше импресивно на патеката и беше скоро за половина секунда побрз од второпласираниот Пастор Малдонадо. Заслугите ги подели со механичарите кои што работат на болидот.
"Ова е тимски резултат, не моја лична заслуга. Имам извонреден болид и го користам тоа најдобро што знам, но пофалбите мора да одат и на адреса на сите преостанати луѓе во тимот. Во изминатиот период вложивме многу труд за да го подобриме болидот и сега уживаме во плодовите на таа работа. Се надевам дека ќе имам успех и на утрешната трка и ќе ја направам завршницата од Ф-1 шампионатот уште поинтересна".
Британецот се надева дека Пастор Малдонадо, нема да оди на "се или ништо" и дека ќе има фер дуел при стартот на трката.
"Среќен сум за Пастор бидејќи имаше многу проблеми во текот на оваа сезона, но покажа дека е навистина талентиран. Не сакам да му застанам на патот, а се надевам дека нема ни тој мене. Доколку имаме добар старт, тогаш се ќе биде во ред. Сигурно е свесен дека околку него има возачи што се претенденти за освојување на титулата, па затоа не треба да оди на "се или ништо" туку да освои добри поени за неговиот тим."
"Мора да ја намалиме разликата на Алонсо во генералниот пласман. Тој не е толку далеку позади мене, а тој веќе покажа дека може да се пробива во текот на трката. Треба само да се фокусираме на нашата работа и да се обидеме да останеме на врвот."
ХАМИЛТОН ОЧЕКУВА ЧИСТ СТАРТ ОД МАЛДОНАДО
9/22/2012 11:40:00 PM
0
Tags
Share to other apps