Дел од историјата на Монца!!!
По летната пауза Формула 1 се врати во голем стил, со две легендарни трки и завршница на Европската турнеја за оваа сезона. После трката во Спа-Франкоршамп, тимвите заминаа директно кон Монца за она што ќе биде тринаесетта трка оваа сезона - Италијанското Гран При. Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година и е една од ретките тековни патеки кои што биле домаќини и во првата сезона на Ф1 шампионатот во 1950 година. Монца е патека со многу ниско ниво на downforce, тоа е најбрзата во шампионатот и една од оние со најмалку кривини во сезоната. Затоа добрата максимална брзина е многу важна за да се постигне добар резултат.Гумите на Пирели се значаен фактор, а тие на оваа патека ги донесоа слик гумите со тврда и медиум компонента. Оваа комбинација ја имавме во Малезија и Белгија. Монца не е патека што предизвикува висока деградација на гумите, но треба да внимаваат тимовите кои патат од термичка деградација на истите предизвикана од нивната многу високата ротација при брзини од над 330км/ч. Стресот на гумите во Монца ќе биде 30% повисок од Спа. Разликата меѓу медиум и тврдата компонентатата се очекува да биде околу 0,2 секунди по круг во услови на трка.
Времето потребно за пит-стоп во Монца е на многу високо со повеќе од 22 секунди, а болидите на стартно-целната рамнина се движат многу брзо, па тимовите ќе настојуваат да имаат што помалку застанувања во боксовите. Голема е веројатноста дека тимовите ќе стартуваат на медиум гумите, да застанат еднаш во боксовите, околу 20-23 круг, се префрлаат на тврдата компонента, со која и ќе ја завршат трката. Возачите кои ќе бидат меѓу најбрзите десет на квалификациите и ќе зачуваат нов сет гуми ќе имаат мала предност во почетниот стинт, нешто што би можело да им помогне на тимовите како Заубер, кој има добри перформанси во трка и не ги трошат гумите
Останува да почекаме до недела во 14:00 часот кога започнува се надеваме уште една возбудлива трка за Големата Награда на Италија.
UPDATE:
За прв пат оваа сезона ФИА издаде соoпштение во кое се прикажуваат досега искористените мотори на возачите од 8-те што им се на располагање во една сезонa.
ВОЗАЧ ТИМ МОТОР ИСКОРИСТЕНИ
Себастијан Ветел Ред Бул Рено 6
Марк Вебер Ред Бул Рено 6
Џенсон Батон Мекларен Мерцедес 6
Луис Хамилтон Мекларен Мерцедес 6
Фернандо Алонсо Ферари Ферари 5
Фелипе Маса Ферари Ферари 5
Михаел Шумахер Мерцедес АМГ Мерцедес 6
Нико Розберг Мерцедес АМГ Мерцедес 6
Кими Раиконен Лотус Рено 6
Роман Грожан Лотус Рено 6
Пол ди Реста Форс Индија Мерцедес 5
Нико Хулкенберг Форс Индија Мерцедес 6
Камуи Кобајаши Заубер Ферари 5
Серџо Перез Заубер Ферари 5
Даниел Рикардо Торо Росо Ферари 5
Жан-Ерик Верн Торо Росо Ферари 5
Пастор Малдонадо Вилијамс Рено 6
Бруно Сена Вилијамс Рено 5
Хеики Ковалаинен Катерам Косворт 6
Виталиј Петров Катерам Косворт 6
Педро де ла Роса ХРТ Косворт 5
Нараин Картикејан ХРТ Косворт 5
Тимо Глок Марусија Косворт 6
Чарлс Пик Марусија Косворт 7