Водечкиот во генерален пласман само на 5-та стартна позиција!!!
Лидерот во генералниот пласман Фернандо Алонсо смета дека финиш на подиумот е негова реална цел за трката во Сингапур, откако се квалификуваше само на 5-тата стартна позиција. "Мислам дека ние мораме да бидеме задоволни со нашата позиција, бидејќи ние немавме врвно темпо низ целиот викенд. Ние не бевме доволно брзи на слободните тренинзи, истото се пренесе и во квалификациите. Мислам дека Мекларен беа непобедливи, барем за Пол позицијата."
"Со старт од петтата позиција, која е на чистата страна на патеката, имаме добра шанса да се бориме за пласман на подиумот, што е можеби најмногу што би постигнале за време на овој викенд. Мислам дека стратегијата ќе биде одлучувачка, бидејќи минатата година видовме дека деградација на гумите беше проблем, па ние треба да се грижиме за гумите, пит-стоповите и стартот на трката. Многу нешта може да влезат во игра утре, една од нив е времето. Ние секогаш слушнаме грмотевици, па да го почекаме утрешниот ден, па да видиме што ќе се случува."