Луис како да чуствува дека и оваа година ќе остане без Титула !!!
Луис Хамилтон никако да го продолжи својот договор со Мекларен, а задкулисните игри продолжуваат. Очигледно е дека Хамилтон повторно почнува да се чуствува исфрустрирано, бидејќи полека му се намалуваат шансите за Титулата, а кога е така подобро да не сте во негова близина. По објавувањето на телеметријата од својот болид по квалификациите, многумина од тимот на Мекларен му замерија за издавање деловни тајни. Денес еден од нив беше и Батон, со коментар дека бил изненаден и разочаран од твитот на Луис Хамилтон:"Ние работиме напорно за да се подобри болидот и да ги задржиме таквите работи како тајни и приватни. Тоа е нешто што не би сакал да го видам на Твитер. Тоа беше целата телеметрија од квалификациите. Тоа не беше само за задното крило. Бев многу изненаден и разочаран. Во секој случај, што е направено е направено. Не мислам дека за тоа треба да му се лутам на Луис. Тоа не е лична работа."