Фернандо Алонсо ќе стартува од 8-та позиција, но верува дека ќе освои повеќе поени од Себастијан Ветел на утрешната трка. Додека возачот на Ред Бул успеа да ја освои својата 6-та Пол позиција во оваа сезона, неговиот ривал во битката за титулата успеа да го извози само деветто најбрзо време. Алонсо, вели дека овој резултат не е изненадување за него.
"Да, го очекувавме ова. Знаевме дека ќе биде комплицирано. Во Абу Даби стартувавме од 7-та позиција, а овде од 8-та, што е многу слично. Како и секогаш, трката е утре. Сеуште мислам дека ќе успееме да ја намалиме разликата во однос на Себ, што е најважно. Тој ќе стартува од Пол позицијата и има многу добро тркачко темпо, но ние ќе се обидеме да ги искористиме сите наши можности. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите на стартот од трката. Доколку успее да победи и доколку истото го направи и во Бразил, заслужено ќе биде шампион во оваа сезона. Сепак, како што кажав, имам чудно чувство дека утре ќе успееме да ја намалиме разликата со Ветел."
2012 САД ГП: АЛОНСО ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ ОСВОИ ПОВЕЌЕ ПОЕНИ ОД ВЕТЕЛ
11/18/2012 12:12:00 AM
0
Tags
Share to other apps