Од почетокот на викендот во Тексас, Ветел, беше најбрз во сите сесии. Но, Германецот не ги помина квалификациите така лесно. На Луис Хамилтон му недостасуваше само една десетинка да го победи. Ова му овозможи на возачот на Мекларен, САД Гран При-то да го започне од втората позиција. Британецот изјави дека тој не се плаши од судир во првата кривина, туку од позицијата на патеката од која ќе стартува:
"Стравувањата од хаос во првата кривина не предизвикуваат загриженост кај мене. Напротив позагрижен сум што ќе стартувам од валкана половина на патеката. Таа е толку лизгава,што третата позиција изгледа попрофитабилна. Се надевам дека ќе бидам во можност да стартувам добро, а првата кривина е толку широка што таму, мислам дека ќе има доволно простор за сите. После тоа јас ќе направам се што е во моја моќ да се натпреварувам со Себастијан за Победата."
2012 САД ГП: ХАМИЛТОН НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ПРВАТА КРИВИНА
11/17/2012 11:15:00 PM
0
Tags
Share to other apps