Луис Хамилтон:
"Прв победник тука, јас сум многу среќен. Фановите беа неверојатни, благодарам за топлото добредојде, беше фантастично... За мене и мојот тим ова е нешто посебно. Помина многу време од мојата последна победа и сум многу горд и благодарен за поддршката што ја имавме. Да се биде во можност да се победат Себастијан Ветел и Ред Бул е навистина голем предизвик, но ние успеавме да го направиме тоа. Не бевме толку лоши во првиот стинт, но ми беше потешко да го следам и да го нападнам за првото место. Ги потрошив гумите и бев принуден да ги променам два круга пред Себ. Со новите гуми беше подруго, и сообраќајот од заостанатите болиди беше во моја корист."
Себастијан Ветел:
"По добриот старт се чинеше дека се е под контрола, но на оваа патека е многу тешко да се контролира сообраќајот со болидите што заостануваат за еден круг. Луис беше доволно близу кога налетав на Нараин Картикијан во ДРС зоната. Јас бев забавен, а Луис беше многу побрз со помош на ДРС-от, па така не беше важно која страна ќе се избере за претекнување. Навистина голема штета што ја загубив победата, но направивме се што беше во наша моќ. Сепак, завршивме одлична работа за тимот и успеавме да ја освоиме конструкторската титула. Момците ќе можат да се опуштат и да прослават за тоа."
Фернандо Алонсо:
"Знаеме дека надежите за освојување на Титулата се сеуште живи поради првите неколку кругови од трката. Секогаш се квалификуваме на седма-осма позиција, а по првите кругови сме на трето или четврто место. Потоа трката станува многу полесна. Денес воопшто не беше можно да го следам темпото на Хамилтон и Ветел, беа многу побрзи од мене. Доволно беше што успеав да ги задржам тие што беа позади мене. Овој викенд е како победа за нас, во петокот никој не мислеше дека ќе загубиме само 3 поени. Заминуваме во Бразил со можност да се бориме за Титулата, тоа е нешто за што се бориме во текот на целата година. Само Себ е во подобра позиција од нас. Можеме да бидеме горди на себе, да уживаме во трката и да видиме како ќе заврши."
2012 САД ГП: ИЗЈАВИ НА ПОБЕДНИЦИТЕ
11/19/2012 05:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps