P1 2012
Второто место на Себастијан Ветел во Остин, и покрај откажувањето на Марк Вебер, ја осигура 3-тата последователна конструкторска титула на неговиот тим Ред Бул. Конструкторската титула им ја обезбеди најголемата парична награда, но истовремено им ги зголеми квотите за котизација за учество во Ф1 Шампионатот. Но, Хорнер, вели дека нема да слават се додека на ја освојат и возачката Титула."Сега сме на половина пат од целта. Успеавме да ја освоиме третата конструкторска титула по ред, а тоа е нешто за што можевме само да сонуваме пред неколку сезони. Да се постигне она што го направивме во 2010, 2011 и 2012 против противниците што ги имаме по само осум сезони во Ф1 е нешто навистина неверојатно. Тоа е сведоштво за многуте часови посветена работа на целиот тим и е нешто со што може да биде горд секој наш член."