Howard and COTA girls
Иако на Circuit of The Americas ќе се одржи првата Формула 1 трка во САД по пет годишна пауза, земјата може да се пофали со богато и разновидно присуство во овој мото шампионат од неговото основање во 1950 година. Остин, Тексас, е десетиот град во САД кој ќе биде домаќин на едно Гран При. Градот се приклучува на листата домаќини, која е започната во далечната 1959 година во Сибринг, Флорида , а завршуваше со Индијанаполис, Индијана.Годинешната трка ќе биде 52-ро Гран При кое се одржува во САД. Шеснаесет американски возачи освоиле поени во шампионатот. Најистакнат меѓу нив е Марио Андрети, еден од најголемите возачи на сите времиња. Андрети учествувал на 128 трки помеѓу 1968 и 1978 година, освојувајќи 12 од нив. Тој беше Светски Шампион во 1978 година зад воланот на Лотус Форд. Сепак, Марио Андрети, не е првиот Американец кој ја освоил Шампионската Титула во Ф1.
Таа чест му припаѓа на Фил Хил, кој е воедно и првиот Американец кој победил на една трка, и тоа 1960 Монца ГП-то, со болидот на Ферари. Тој има три победи во неговите 48 трки, сите во Ферари. Тоа е тимот што му ја обезбеди титулата на Хил во 1961 година. Само уште три други американски возачи имаат забележано Ф1 победи и тоа: Ричи Гинтер постигна една победа во 52 трки помеѓу 1960 и 1966 година, "Tall Dan" Гарневој, четири победи во 86 трки помеѓу 1959 и 1970 година и Питер Ревсон со две победи од 30 трки помеѓу 1964 и 1974 година.
Последниот Американски победник во Формула 1 шампионатот, е Марио Андрети со Лотус во Зандворт, Холандија, на 27 август 1978 година.
Circuit of The Americas е патека со медиум/восоко ниво на downforce и не е премногу остра за сопирачките. Впечатлива е висинската разлика од четириесет метри директно пред првиот свиок, по што следи "слеп" спуст низ лева шикана, која ќе ја тестира способноста на сите возачи. Сепак, најголема непознаница на тимовите е во врска со однесувањето на гумите, бидејќи тоа е единствениот фактор што симулаторите не можат да го предвидат.
Од Пирели се одлучија за своите гуми со медиум и тврда компонента за ова Гран При. Пирели подготвија и по еден дополнителен сет на развојни гуми за секој возач, кои ќе може да се користат во петокот.
Во пресрет на крајот на оваа сезона се е во знакот на бројот два. Уште две трки, двајца претенденти за титулата, двајцата се двократни шампиони - Себастијан Ветел против Фернандо Алонсо. Веројатно сè во овие последни две трки до крајот на сезоната ќе се врти околу овие возачи.
Ред Бул, тимот на Себастијан Ветел, има тродневна тест сесија зад себе пред Американското ГП, на која беа испробувани елементи кои ќе бидат искористени оваа година, но и за сезоната 2013.
Ферари и Фернандо Алонсо мораше да се задоволат само со еден ден тест и тоа во права линија. Факт кој може да биде критичен за исходот од шампионатот оваа година. Гласините се дека Ферари испитувале ново предно и задно крило, како и нов под на болидот. Но, истите тие гласини тврдат дека утврденото во аеродинамичниот тунел не се потврдило и на патеката.
Како што напоменавме Формула 1 се враќа во САД, а Американците сакаат "големо" шоу. Патеката во Остин, барем на хартија, изгледа прилично интригантна. Дали Херман Тилке ја направил добра ќе видиме во недела. Квалификациите во Сабота, а Трката во Недела започнуваат во 20:00 CET.