Себастијан Ветел верува дека тој и Фернандо Алонсо се подеднакво достојни за 2012 Ф1 титулата со оглед на нивните слични патишта низ оваа сезона.
Возачот на Ферари, Алонсо остана во борба во текот на целата година и покрај тоа што Ф2012 никогаш не заличи на топ болид.
"Ако ги погледнеме трките што поминаа до овој момент, мислам дека незавршените трки или судирите на Фернандо и моите се еднакви. Јас се уште верувам дека возачот кој ја заслужува титулата повеќе ќе биде шампион. Нема сомневање дека ние сме во многу добра позиција сега и се надевам дека тоа ќе биде така и до самиот крај на сезоната."
25-годишниот Германец на трката во Америка ќе го прослави својот 100-ти Гран При Старт, откако го имаше своето Ф1 деби во 2007 година, година кога стана најмладиот Ф1 возач кој освоилпоен. Тој, тогаш на 19-годишна возраст заврши осми со БМВ Заубер на 2007 САД ГП-то. Ветел, тест и резервен возач на тимот, го замени Роберт Кубица, кој не успеа да ги помине медицинските прегледи по големата несреќа на Канадското Гранд При една недела претходно.
"Времето помина толку брзо. Сто е голем број, 100 трки звучи многу, 100 старта, 100 пати да ја преживеете првата кривина. Јас се чувствувам како да сум дебитирал во Ф1 вчера. Тоа ми покажува дека време брзо лета кога правите нешто што навистина ви се допаѓа и уживате во тоа, па ајде се фокусираме на вторите 100 трки."
ВЕТЕЛ ДО 100-КА НА АМЕРИКАНСКОТО ГРАН ПРИ
11/12/2012 03:27:00 PM
0
Tags
Share to other apps