И двајцата посакуваат брз Ферари за 2013
"Мислам дека го имавме најдобриот тим во однос на пристапот и подготовките за трката. Немавме механички проблеми, имавме добри пит-стопови, одлични стартови и стратегии, но бевме прилично побавни од конкуренцијата. Ние бевме зад Ред Бул и Мекларен во текот на целата сезона, а во последните неколку трки бевме дури и зад Вилијамс и Форс Индија. Имавме послабо темпо во споредба со нив.""Тоа е нешто што ние не треба да го повториме за следната сезона, бидејќи не можеме да се бориме за титулата, ако повторно бидеме побавни. Иако бевме на подиумот седум пати од последните осум трки, тоа не беше доволно. Мислам дека и ако ги повториме сите 20 трки, ќе биде тешко да се направи нешто повеќе од ова."