Михаел Шумахер е роден на 9 Јануари 1969 во Hurth, Северна Рајна-Вестфалија. Татко му Ролф Шумахер, бил ѕидар, а неговата мајка е Елизабета. Шумахер имал само четири години, кога неговиот татко го модифицирал неговиот картинг на педали со додавање на мал мотор, a неговиот прв "успех" е удирање на една бандера во Kerpen, а потоа неговите родители го носат на картинг патеката во Kerpen-Horrem, каде тој станува најмладиот член на картинг клубот.
Татко му направил картинг од отфрлените делови и на возраст од шест години Шумахер го освојува својот прв клубски шампионат. За поддршка на неговите трки, татко му зема и втора работа, изнајмување и поправка на картинзите, а неговата мајка се вработува во кантината на патеката. Сепак, подоцна и тоа не било доволно, а својот талент за возење Шумахер го продолжува со поддршка од локални бизнисмени.
Прописите во Германија бараат возачот да биде најмалку 14 години за да се добие официјална дозвола за картинг, па Шумахер зема дозвола во Луксембург на 12-годишна возраст, а во 1983 година, ја зема и Германската дозвола, една година откако тој е победник на Германското Картинг првенство во помладите категории. Тој станува Германски и Европски картинг шампион.
Во 1989 година, Шумахер го запознава Вили Вебер, кога потпишува за неговиот Ф3 тим. Титулата ја освојува во 1990 година. На крајот од таа сезона, влегува во големите играчи кога се приклучува во младинската програма на Мерцедес во World Sports-Prototype Шампионатот. Овој невообичаен потег за еден млад возач, бидејќи повеќето млади возачи се натпреваруваат во Формула 3000 на патот кон Ф1, е по совет на неговиот сонародник, и со тек на годините добар пријател и менаџер, Вили Вебер, кој верувал дека присуството на професионални прес конференции и возење моќни автомобили ќе помогне на неговата кариера.
Во таа иста година, Шумахер победува на финалната трка од сезона на патеката Херманос Родригез со Заубер-Мерцедес C11, и заврши петти во шампионатот за возачи и покрај што настапил на само 3 од 9 трки.
Следната 1991 година Шумахер го има своето деби во Формула 1. Пред одржувањето на 1991 Белгија ГП, еден од возачите на Џордан, Бертран Гашо, завршува во затвор, поради прскање со солзавец на такси возач во Лондон, по расправија при сообраќајна несреќа.
Неговото место во тимот на Џордан го добива Шумахер, тогаш под договор со Мерцедес, кој решава да го подржи младиот Германец и му плаќа на Еди Џордан 150.000 долари за неговото деби. Недела дена пред трката, Шумахер ги импресионирал дизајнерот на овој тим, Гери Андерсон, и шефот на тимот, Тревор Фостер, за време на тест возење во Силверстоун. Неговиот сега менаџер Вили Вебер го убедува Еди Џордан дека Шумахер ја познава патеката, иако присуствувал на неа само како гледач.
Неговиот настап во квалификациите и освојувањето на седмата стартна позиција, ги импресионираше сите во падокот. Во таа сезона тоа беше најдобриот пласман на тимот, а Шуми го победи и својот тимски колега Андреа де Чезарис. Германските новинари по квалификациите зборуваа за најдобриот талент по Стефан Белоф. Трката Шумахер ја заврши веќе во првиот круг по проблемите со кумплунгот.
Веќе следната трка Михаел Шумахер потпишува договор со тимот на Бенетон, кој тогаш ги користи моторите на Форд. При привикнувањето на Формула 1, во 1991 година освојува 4 поени од 9 трки, 1992 година доаѓа неговиот прв пласман на подиум - 3-то место на Големата Награда на Мексико, следува првата победа во Ф1 на Белгиското Гран При на патеката СПА-Франкоршамп, кој денес е негова најомилена патека.
По "aдаптацијата" на Формула 1, тој почнува редовно да Победува, што му ги носи Шампионските Титули во 1994 и 1995 година. Покрај одличните трки во 1994 сезоната, запаметена останува и првата од неговите контаверзни трки во кариерата, кога тој на Австралија ГП-то имаше судир со Дејмон Хил, што ја заврши трката на Англичанецот, кој ако стигнеше до целта ќе беше Шампион во таа 1994 година.
Следната 1995 година Бенетон се префрла на моторите на Рено и Шумахер ја освојува Титулата со 33 поени предност пред неговиот ривал, Дејмон Хил, а Шуми влегуваше храбро во нивните дуели, што резултираше со нивни неколку судири.
Неговите импресивни настапи ги забележаа од тимот на Ферари, и веќе следната 1996 година тој се префрла во овој Италијански тим, во кој останува следните 10 години.
ЗАВРШНИЦА НА ЕРАТА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР, 1 ДЕЛ
12/02/2012 05:22:00 PM
0
Tags
Share to other apps