Навикнувајте се на ова лого во Формула 1 !!!
Луксузниот производител на часовници - Rolex, ќе стане официјален партнер на Формула 1 првенството од следната 2013 сезона. Ова партнерство значи дека оваа Швајцарска компанија, станува официјален мерач на постигнатите времињата во овој спорт.Ролекс доаѓа на местото на Јужно Корејската фирма - LG.
Берни Екелстоун е задоволен што донесе вака реномирана марка во Ф1:
"Без сомнение Rolex е идеален избор на партнер за светска класа на мотоспорт првенство како Формула 1. Тоа е престижна марка која изработува совршени и прецизни часовници. Но, вистинскиот кредибилитет им го дава нивната страст и долгогодишна посветеност на мотоспортовите. Ова партнерство е нешто што многу луѓе кои ја следат Формула 1 го очекуваа и со право треба да се возбудени околу тоа. Rolex има неверојатна спортска историја и затоа Формула 1 е вистинското место за нив."