
Период на адаптација и трансформација 1996-1999
Со потпишувањето за Ферари започнуваат славните денови на овој Германски возач, со што уште еднаш се потврди дека ако сакате да останете запаметен во Формула 1 треба да сте со голем тим. Михаел Шумахер се чуствува како дома во Италија, па останува во овој тим следните 10 години во период кога освојува уште 5 Титули Светски Шампион, проследени со неколку афери.
Ферари со доведувањето на Шумахер, веруваа дека ќе се вратат на победничките денови, а Титулата во возачи ја немаа освоено уште од 1979 година, а во конструктори од 1983 година. 
Во Италијанскиот тим доаѓаат и Рори Брн и Рос Браун, едни од клучните членови на Бенетон кои беа зад Шампионските успеси на Шумахер со овој тим. Оваа го мотивираше Шумахер уште повеќе за да изгради искусен и победнички тим околу него. Toj со помош на Рос Браун, Рори Брн, и Жан Тод кој веќе беше во Ферари, се најзаслужните што го претворија Италијанскиот тим во еден од најуспешните тимови во историјата на Формула 1. Според повеќе аналитичари на овој мотоспорт, трансформацијата на Ферари е еден од најголемите подвизи на Михаел Шумахер.



Во својата прва сезона во Ферари тој заврши на третото место во пласманот на возачи и помогна Ферари да го освои второто место во конструктори пред својот стар тим Бенетон. Во почетниот дел на таа 1996 сезона, болидот на Ферари имаше проблеми со издржливоста, па Шумахер не заврши 6 од 16 трки. Тој победи на три трки, а првата Победа за Ферари ја забележа на 1996 Шпанското ГП во Барселона, кога на влажната патека ги помина за еден круг сите болиди до третото место. Другите победи ги забележа во Спа-Франкоршамп и пред домашната публика во Монца. Способноста на Шумахер, во комбинација со подобрување на издржливоста на Ферари, овозможија пред крај на сезоната да имаат конкурентен болид кој навестуваше интересна следна сезона.
Тоа и се случи, Михаел Шумахер водеше интересна битка со Жак Вилнев за титулата во 1997 сезоната. Вилнев, го имаше супериорниот болид на Вилијамс, со кој го предводеше шампионатот во раниот дел од сезоната. Сепак, на средината од сезоната, Шумахер победувајќи на пет трки, го превзеде водството во генералниот пласман и во последната трка на сезоната, 1997 Европа ГП-то, влезе со еден поен предност. Кон крајот на трката, која се одржа во Херез, болидот на Ферари ги загуби своите перформанси поради истекување на течноста за ладење, што беше знак дека не ќе може да ја заврши трката.
Тогаш следува најнеславниот момент во неговата Формула 1 кариера. Во тие моменти Вилнев беше зад Шумахер, и кога тој се обиде да го престигне, Германецот се обиде да предизвика судир, но на крај тој излета од трката, а Вилнев продолжи и освои четири поени, доволни за Шампионската Титула. Подоцна, Шумахер беше казнет за неспортско однесување и беше дисквалификуван од шампионатот на возачите. Резултатите беа тука, но фалеше уште еден мал чекор до Титулата кој не можеше да се помине и во следните две сезони.



Следува сезоната 1999, уште една година на очекување на Титула за Ферари. Овој пат Шумахер помогна во освојувањето на долгоочекуваната Титула во конструктори за Ферари, но Титулата во возачи остана недостижна кога по откажувањето на задните кочници на неговиот болид тој излета од патеката и заврши со скршена нога. Отсуствуваше 98 дена, т.е. 6 трки, а се врати за инаугуративната Голема Награда на Малезија, и се квалификуваше на Пол позицијата со речиси една секунда пред останатите. Тој тогаш ја презеде улогата на втор возач, и се му помагаше на својот тимски колега Еди Ирвајн. Но, Хакинен повторно беше успешен за негова втора последователна титула. Токму Хакинен е ривалот што Шумахер најмногу го почитувал и ужувал во дуелите со него. Освојувањето на Титулата во конструктори беше предвесник на Шампионските години што следат.
Следуваат Шамионските сезони на Михаел Шумахер и Ферари, за кои ќе се осврнеме во следното продолжување на овој текст.