Роман Грожан e сензационалниот победник на овогодинешната Трка на шампионите, која се одржуваше овој викенд во Бангкок,Тајланд. Во финалето беше подобар од Том Кристенсен, легендата на Ле Ман 24. Михаел Шумахер стигна само до полу-финалето, а најголемиот конкурент за Титулата, Ф1 шампионот Себастијан Ветел испадна во четврт-финалето втора година по ред. Двајцата беа елиминирани од денес расположениот Французин, кој изјави:
"Тоа е она што јас би го нарекол луд ден! Беше малку тешко во групната фаза, но успеав да поминам понатака. Потоа морав да се соочам со Себастијан Ветел во четврт-финалето пред Михаел Шумахер во полу-финалето, двајцата Германци кои не победија во вчерашниот Куп на нации. Потоа следуваше финалето со Том. Двајцата имавме добра историја на овој настан и сум се тркал со него, па беше добро да се соочам со него во финалето. Имав малку екстра среќа да бидам во вистинскиот автомобил во вистинско време, па чуството беше добро. Зад мене е една тешка Ф1 сезона, па убаво е да се заврши сезоната на Победничкиот подиум пред почетокот на одморот. Благодарност на сите во Тајланд, бидејќи бевме пречекани фантастично."
РОМАН ГРОЖАН - ШАМПИОН НАД ШАМПИОНИТЕ
12/16/2012 10:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps