Светскиот совет за мотоспорт на ФИА, својот финален состанок за 2012 година го одржа вчера, 5 Декември, во Истанбул. Одлуките кои беа донесени во врска со Формула 1 се следниве:
- Една од поважните, за која веќе известивме, е поместувањето на датумот за одржување на Големата награда на Германија, која е преместена на 7 јули 2013, за да на 21 јули се одржи уште една Европска трка (Најверојатно Турското ГП).
Измени се направени на спортските и техничките прописи за 2013/14 година.
2013 Технички прописи
- Се воведуваат построги тестови на предното крило со кои би се открила нивната подвижност.
- Направени се мали промени на дизајнот на структурата на предниот рол-бар.
- Минимално зголемување на минималната тежина на болидите за да се компензира зголемување на тежината на гумите за 2013 година.
- Бришење на фамозниот додаток "виша сила" кога болидот застанува на патеката во квалификациите. Ако застане болид на патеката и не може да се врати во боксовите, ФИА ќе утврди дали болидот има доволно гориво за да би се вратил во боксот и да може да се извади еден литар за испитувања.
- Сите шасии ќе се тестираат на поголемо статичко оптоварување (досега се тестирала само една шасија, а другите со 20% пониски оптоварувања).
2013 Спортски прописи
- Од безбедносни причини, употребата на ДРС-от за време на тренинзите сега ќе биде дозволен само на местото(а) каде ќе се користи на патеката во трката.
- Полицискиот час(забрана за работа врз болидите) ќе биде продолжен од 6 на 8 часа во четврток и ќе бидат дозволени само два исклучоци за време на целата сезона, наместо досегашните четири.
2014 Технички прописи
- Нов предлог со бројни промени e договорен со Ф1 Техничката работна група и Powertrain* работната група.
- Прописот со кој се бараше болидот да вози исклучиво под електрична енергија во боксовите е одложен до 2017 година.
- Направени се голем број на промени во прописите сo кои се регулира моќта на моторите со цел ограничување во некои области со цел да се намалат трошоците за развој.
- Прописите за дизајнот на каросеријата, првично донесени во насока на намалување на downforce-от и влечната сила, се враќаат на 2012 спецификацијата.
- Минималната тежина е зголемена за да се компензира дополнителната тежина на моторите за 2014 година.
* Поимот powertrain се однесува на групата на компоненти кои во болидот генерираат моќ и ја пренесуваат на површината на патот. Овде спаѓаат моторот, трансмисијата, погонските оски, диференцијалот, и последната компонента, погонските трка.
ФИА СО ПРОМЕНИ НА ПРАВИЛАТА ЗА 2013 ГОДИНА
12/06/2012 06:02:00 PM
0
Tags
Share to other apps