Два пати прогласуван за најдобар, но и во двата случаи му избега Титулата за влакно!!!
Фернандо Алонсо беше изгласан како возач на годината од страна на Ф1 тимските шефови во годишното гласање кое традиционално го спроведува британскиот мотоспорт магазин Аутоспорт.
Возачот на Ферари, доминираше на гласањето за оваа сезона, а поените се доделуваа по следниот систем на бодување: 25-18-15-12-10-8-6-4-2-1.
Индивидуалните гласови се чуваат во тајност, па затоа се смета дека тимските шефови може да дадат пореално оценување на нивните ставови.Алонсо беше јасен победник за оваа година, со најголема предност во последните пет години откако Аутоспорт ја прави оваа анкета. Тој е прогласен како најдобар возач од осум тимски шефови од вкупно дванаесет тима. Себастијан Ветел е втор на оваа листа со заостанување од дури 71 поен. Следува листата на Топ 10 возачите според гласањето на тимските шефови за сезоната 2012:
П. ВОЗАЧ ПОЕНИ
1. Фернандо Алонсо 269
2. Себастијан Ветел 198
3. Луис Хамилтон 177
4. Кими Раиконен 176
5. Џенсон Батон 104
6. Марк Вебер 66
7. Нико Хулкенберг 50
8. Нико Розберг 30
9. Серџо Перез 30
10. Фелипе Маса 27