Старо-новиот Е21!!!
Формула 1 сезоната неофицијално започна со промовирањето на Лотус Ф1 E21, одржано вечерва во Енстон, Англија.
Болидот беше откриен со online промоција, емитувана во живо на YouTube, а се емитуваше во живо и на Sky Sports News во Велика Британија. E21 ќе атакува на 2013 Титулите во Формула 1 шампионатот со истите возачи Кими Раиконен (7) и Роман Грожан (8).Исти возачи, но и ист болид. Поради малите промени на техничките и спортски прописи од 2012 година, новиот E21 е еволуција на својот претходник, E20. Во новиот болид се инкорпорирани и некои иновативни технички решенија.
Новиот болид исто така, има малку променет "дрес", со додавање на дополнителна црвена боја во изгледот. Давид Валсеки се приклучи на тимот како трет возач, додека Никола Прост ќе има должности на развоен возач. Жером д`Амброзио ќе продолжи со тимот како резервен возач.
Ерик Булие:
"Мислам дека е фер да се каже дека големи нешта се можни од тимот и E21. Скокот што ние го направивме помеѓу 2011-2012 покажува на што сме способни. Ако го додадеме и возачкиот потенцијал кон овој континуитет, ние ќе имаме многу моќен коктел за сезоната пред нас. Нашиот амбициозен план да се претвориме во еден од најдобрите тимови во Формула 1 доаѓа до реализација, а ние сега треба да го потврдиме со добри резултати и редовни пласмани на подиумот."
Кими Раиконен:
"Се разбира, јас сеуште не сум седнал зад воланот на E21, па тешко е да се каже она што може или не може да биде можно за годината што следи. Знаеме дека имавме добар болид минатата сезона, а сите работеа напорно за да се направи најдобриот пакет за оваа сезона. Јас ќе работам со тимот за да им помогнам да добиеме што посилен болид, а потоа во Мелбурн ќе го имаме нашиот прв вкус на резултатите. Од таму почнува долгата сезона, во 2012 имавме добар старт, па ајде да видиме што можеме да направиме во 2013 година."