Мекларен оваа година прославува 50 години од своето основање!!!
Чекавме и дочекавме, започна промовирањето на новите болиди за 2013 година. Прв својот натпреварувач ни го покажа тимот на Лотус. Како што и се очекуваше болидот(ите) имаше минимални промени во однос на минатогодишниот, но непријатно изненади останувањето на степенастиот нос на болидот. Објаснувањето од дизајнерите на Лотус е непотребната тежина, која ќе им ускратела некоја илјадитинка од брзината. Вакви детали се од огромно значење на болидите, но дали треба да се форсираат по секоја цена, кога фановите одлучија дека 2012 болидите со степенасти носеви се едни од најнеубавите во Ф1 историјата. Се надевам НЕ !!!Лотус го видовме, следува утрешната промоција на новиот болид на Мекларен - МП4-28 - во живо и директно од Мекларен Техничкиот Центар. Видеото ќе биде достапно да се гледа на McLaren.com и на нивните социјални медиумски платформи: YouTube, Facebook и Google + страници. Од Мекларен не може да очекуваме степенаст нос, или пак?!?
Build-up-от започнува со ексклузивни фотографии, видеа и интервјуа со членови на Мекларен менаџерскиот тим во 11:30 часот, а потоа во 12:00 ќе биде покажан новиот болид МП4-28. Водителка на церемонијата ќе биде Натали Пинкам, презентерката на Скај Спорт Ф1, која ќе има интервјуа со Џенсон Батон и Серџо Перез.
Ден потоа следуваат Ферари и Форс Индија. Од кога ќе ги видиме нивните болиди веќе ќе знаеме дали трендот на степенасти носеви ќе остане и во новата сезона. Денес од Ферари ја потврдија официјалната ознака на 2013 болидот - Ф138. Името е комбинација на годината, 2013, и бројот на цилиндри во моторот, осум:
Името на 59-от болид изграден од Ферари за да се натпреварува на највисокото ниво на мотоспортот потекнува од комбинација на тековната година, и бројот на цилиндри, делумно за да се одбележи фактот дека ова ќе биде последната година на моторот со V8 конфигурација што ќе се користи во Формула 1, со што се става крај на она што ќе биде осум годишна кариера. Со своите 58 претходни болиди, Ферари е единствениот тим кој учествувал во секоја година од стартот на Ф1 шампионатот и ги држи сите рекорди во Титули - 31 (15 во возачи и 16 во конструктори), Гран-при Победи -219, Пол позиции - 207 и Најбрзи кругови - 228.