На претставувањето во Вилијамс @Williams/Lat
Денес од тимот на Вилијамс официјално ги потврдија шпекулациите дека Тото Волф, еден од нејзините директори, ја напушта компанијата за да преземе нова улога во тимот на Мерцедес АМГ. Тој го напушта своето место во одборот на директори во Вилијамс, но го задржува својот акционерски удел.Сер Френк Вилијамс со пофалби:
"Јас би сакал да му се заблагодарам на Тото за неговата напорна работа, посветеност и посветеноста кон тимот. Минатата сезона, тој беше клучна поддршка на мене како извршен директор, мој заменик на трките, на кои не бев во можност да присуствувам. Сепак, позицијата што му е понудена од страна на Мерцедес не доаѓа токолу често. Тото има долга историја со нив и јас сигурно нема да му застанам на патот на ова животна понуда. Тото ќе ги задржи своите акции во Вилијамс и секогаш ќе има место во Гроув, но, ние ќе се бориме без попуштање на тркачката патека! Сигурен сум дека тој ќе биде од голема корист за Мерцедес и во име на целиот тим би сакал да му посакам се најдоброто во својата нова улога."