Тимот на Марусија во последен момент се решија да го отпуштат Тимо Глок, a одлуката била донесена со заемна согласност. Тимскиот шеф, Џон Бут, истакнува дека тимот поради тешката финансиска состојба, морал да се одлучи на ваков чекор и да ангажира возач кој си го плаќа своето место:
"Нашиот тим беше основан врз принципот на корист од докажано искуство истовремено обезбедувајќи можности на млади талент за напредокот во овој врвен мотоспорт. Но, тековните и среднорочни предизвици со кои се соочува индустријата значеше дека моравме да преземеме чекори за да се обезбеди нашата долгорочна иднина. Тешки економски услови кои преовладуваат се тешки за секого, а Формула 1 тимовите не се исклучени од тоа. Ние му се заблагодаруваме на Тимо за работа со нас, особено затоа што тој имаше валиден договор, како и за придонесот што го направи за нашиот тим."
Тимо Глок:
"Имав три одлични години со Марусија, при што имав шанса активно да учествувам во изградбата и развојот на тимот во неговите напори да се успее во Формула 1 шампионатот. Иако, ова не е развој на настаните што го очекував, јас сум всушност многу возбуден околу мојата кариера и се надевам дека ќе имам што да коментирам околу тоа многу наскоро."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.