Дали сме брзи или не, прашањето е сега
На патеката Каталуња започнуваат последните четири дена за тестирање на новите болиди пред стартот на сезоната со Автсралиското Гран При. Тест сесијата започнува утре, 28 Февруари, и ќе трае до недела, 3 Март. Тимовите и целокупната опрема се наоѓаат во Барселона по претходниот тест од минатата недела, период во кој аналитичарите на податоци имаа полни раце работа, а како кој ја завршил својата работа ќе знаеме по завршувањето на последниот тест ден, под услов сите да играат со отворени карти.Минатата недела во Барселона имавме постудено време, па гумите на Пирели не можеа да ја достигнат својата работна температура, па имаше повеќе деградација од вообичаената. Од Пирели се надеваат на подобри временски услови, кои ќе им овозможат на тимовите да соберат повеќе релевантни податоци. Но, факт е дека деградацијата на гумите ќе биде повисока отколку што беше во 2012 година, а проценката на Пирели е дека стапката на деградација ќе биде околу 0.15-0.18 секунди по круг во услови на трка за тврдите гуми во Барселона.
ТИМ ЧЕТВРТОК, 28/2/2013 ПЕТОК, 1/3/2013
Ред Бул Марк Вебер Себастијан Ветел
Ферари Фелипе Маса Фернандо Алонсо
Мекларен Серџо Перез Џенсон Батон
Лотус Роман Грожан Роман Грожан
Мерцедес АМГ Луис Хамилтон Нико Розберг
Заубер Естебан Гутиерез Нико Хулкенберг
Форс Индија Пол ди Реста Адриан Сутил
Вилијамс Валтери Ботас Пастор Малдонадо
Торо Росо Жан-Ерик Верн Даниел Рикардо
Катерам Чарлс Пик Гидо ван дер Гард
Марусија Макс Чилтон Макс Чилтон
ТИМ САБОТА, 2/3/2013 НЕДЕЛА, 3/3/2013
Ред Бул Марк Вебер Себастијан Ветел
Ферари Фелипе Маса Фернандо Алонсо
Мекларен Серџо Перез Џенсон Батон
Лотус Кими Раиконен Кими Раиконен
Мерцедес АМГ Луис Хамилтон Нико Розберг
Заубер Естебан Гутиерез Нико Хулкенберг
Форс Индија тба тба
Вилијамс Валтери Ботас Пастор Малдонадо
Торо Росо Жан-Ерик Верн Даниел Рикардо
Катерам Гидо ван дер Гард Чарлс Пик
Марусија тба тба
*поради лошто време тимовите не се држат стриктно до објавениот распоред Секој болид ќе има на располагање максимум од 35 комплети на нови Пирели гуми, вклучувајќи ги и интермедиа и гумите за дожд, ако е потребно. Податоците од минатонеделните симулации на трка покажуваат дека целта на Пирели од 2-3 пит-стоп по трка, побарани од тимовите, ФИА и Ф1 промоторот, е постигната. Иако собирање на податоци беше попречен од ладното време, сите првични индикации укажуваат на овој заклучок.
ГУМИ СЕТОВИ ПО ТИМ НАЈБРЗО ВРЕМЕ ОД 2012
Супер-меки 1 1:22.155 (3 ден)
Меки 5 1:22.030 (4 ден)
Медиум 5 1:22.721 (4 ден)
Тврди 6 1:23.708 (4 ден)
Интермедиа 2 1:43.343 (3 ден)
Гуми за дожд 1 1:48.596 (3 ден)