Сахара Форс Индија денес објави дека Адријан Сутил е нивниот старо/нов возач за оваа сезона. Возачкиот танден сега со него и со Пол ди Реста е обновување на возачката постава од 2011 година.
Сезоната 2013 ќе биде петта за Германецот во боите на Форс Индија и негова шеста година во Формула 1 шампионатот. Тој ќе тестира за тимот оваа недела во Барселона, во петок и сабота. Пол ди Реста ќе се врати во болидот во недела на финалниот ден од овосезонските тест сесии.
Со ова останува извисен Жил Бјанки, кој ја имаше подршката од Ферари, но се очекува да остане како резервен возач за тимот и останува да се надева дека со уште една година искуство ќе ги зголеми неговите шанси за добивање возачко место во 2014 година.
КОНЕЧНА ЗАВРШНИЦА: АДРИАН СУТИЛ ПОТПИША ДОГОВОР СО ФОРС ИНДИЈА
2/28/2013 02:48:00 PM
0
Share to other apps