Нико Розберг за поттик на Мерцедес АМГ!!!
Нико Розберг со болидот на Мерцедес АМГ, FW04, го постави најбрзото време на првиот ден од тестирањето на патеката Каталуња во близина на Барселона. Добар почеток, но повторно проблеми со техниката т.е. менувачот. Најбрзото време беше поставено во последните моменти од сесијата, кога и Кими Раиконен го забележа своето најбрзо време, но доволно само за второто место на листата. Двајцата возачи времињата ги поставија на медиум гумите на Пирели.Ним им се придружи и Фернандо Алонсо кој за прв пат го испроба новиот Ф138. Исто така на медиум гуми го забележа третото најбрзо време и беше единствениот возач со извозени 100 кругови. Шпанецот беше за само 0.013 секунди побрз од Себастијан Ветел со RB9, кој беше најбрзиот возач во предпладневниот дел од сесијата. Програмата на Ред Бул остана тајна, бидејќи по секој стинт од 5-7 круга Ветел се враќаше во боксот зад затворени врати и работата врз болидот беше сокриена за љубопитните набљудувачи.
Тимот на Вилијамс денес го промовираше својот нов болид и веднаш многу добар ден за нив. Пастор Малдонадо комплетираше 86 круга, втор тим по извозени кругови. Според него болидот се однесувал добро што може да се види и од првичните времиња. Но, да не заборавиме Малдонадо беше победник на оваа патека минатата година.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.616 64
2. Кими Раиконен Лотус 1:22.623 0.007 44
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:22.952 0.336 100
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:22.965 0.349 66
5. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:23.733 1.117 85
6. Даниел Рикардо Торо Росо 1:23.884 1.268 72
7. Серџо Перез Мекларен 1:24.124 1.508 75
8. Пол Ди Реста Форс Индија 1:24.144 1.528 82
9. Естебан Гутиерез Заубер 1:25.124 2.508 66
10. Макс Чилтон Марусија 1:26.747 4.131 65
11. Чарлс Пик Катерам 1:27.534 4.918 49