ПРОМОВИРАН НОВИОТ БОЛИД НА ВИЛИЈАМС - FW35
2/19/2013 01:50:00 PM
0
На патеката Каталуња во Шпанија утринава тимот на Вилијамс Ф1 го промовираше својот болид за 2013 година со ознака FW35. Според овој тим најновиот болид е кулминација на 12 месечниот развој од страна на нивниот технички оддел.
Болидот има подобрувања во неколку клучни области во однос на минатата година, но и покрај тоа што е еволуција на болидот од 2012, FW35 е повеќе од 80 отсто нов. Има нов менувач, нова задна амортизација, нови радијатори, нов под, нов издувен систем, нова каросерија, нов нос и значителен намалена тежина.
Според, Мајк Кофлан, техничкиот директор на Вилијамс Ф1, денешната промоција на FW35, сепак, е само почеток од кој ќе се продолжи да се развива болидот во текот на годината, почнувајќи со аеродинамичка надградба веќе за време на првата трка во Австралија.
Share to other apps