Кристијан Хорнер, тимскиот шеф наРед Бул, смета дека е малку веројатно дека еден Формула 1 тим ќе доминира оваа сезона, и дека се очекува повторување на променливата форма на тимовите од минатата година, кога Ред Бул, Мекларен, Лотус и Ферари имаа периоди на импресивна брзина. Според Хорнер, настаните во Херез посочуваат кон слична тесна битка меѓу водечките тимови.
Во својата изјава за британскиот Аутоспорт тој вели:
"Мислам дека и оваа сезона ќе имаме случај кога на различни патеки ќе доминираат различни болиди. Минатата година, со значителните промени на дифузерот, имавме големо удар врз нашите перформанси. Како тим, се фокусиравме на развивање на болидот и, кога добивме можност, ние ја зграпчивме со двете раце и се вративме во форма кога тоа беше важно."
"Мислам дека и оваа сезона ќе биде уште една каде што ќе имаме нагорнини и падови. Постојат четири или пет тимови способни да победуваа, а тимовите и возачите ќе треба да работат напорно од 1-та до 19-тата трка. Во деновите кога не може да се биде победник, 3-тото, 4-тото, 5-тото и други места ќе бидат важни. Треба да бидете сигурни дека ќе профитирате што е можно најмногу од секој викенд."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.