Маса конечно ни покажа дел од брзината на Ф138
Фелипе Маса го забележа најбрзото време на третиот ден од Ф1 тест сесијата во Херез, а воедно тоа е најдоброто време забележано досега.
Возачот на Ферари, кој утре на последниот ден го предава болидот на Педро де ла Роса, стана првиот возач со време под 1:18с.
Маса времето го забележа во краток стинт на меките Пирели гуми.Втор најбрз возач денес беше Нико Розберг, кој извозе неверојатни 148 круга со Мерцедес W04, овој пат без поголеми проблеми. За време на овие кругови помина растојание за повеќе од пет пати од претходните два дена.
Денес за прв пат се појави и Себастијан Ветел и денот го заврши со третото најбрзо време со RB9. Прво појавување и за Кими Раиконен, кој извозе само 40 круга. Тој беше побрз за 0.6с. од својот тимски колега на првиот тест ден. За овие двајца возачи го очекуваме најбрзото време во тек на утрешниот последен тест ден во Херез.
На пет минути до крајот на сесијата повторно Мекларенот на Џенсон Батон запре на патеката, и Британецот мораше "пеш"до боксовите. Џејмс Роситер со Форс Индија го започна денот со прегазување на еден од своите механичари, кој паднал на носот на болидот, но не е сериозно повреден. Пол ди Реста го презеде болидот во попладневните часови, но успеа да извози само седум круга поради проблеми со издувниот систем.
Утре започнува последниот тест ден на патеката во Херез.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фелипе Маса Ферари 1:17.879 85
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:18.766 0.887 148
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:19.052 1.173 102
4. Кими Раиконен Лотус 1:19.200 1.321 40
5. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:19.247 1.368 85
6. Џејмс Роситер Форс Индија 1:19.303 1.424 42
7. Џенсон Батон Мекларен 1:19.603 1.724 83
8. Естебан Гутиерез Заубер 1:19.934 2.055 110
9. Макс Чилтон Марусија 1:21.269 3.390 78
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:21.575 3.696 86
11. Чарлс Пик Катерам 1:22.352 4.473 57
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:23.729 5.850 7