Новиот Ред Бул - RB9
Денес од својата база во Милтон Кејнс, Ред Бул го промовираше својот нов болид - RB9.
Најновата креација на Адријан Њуи го задржува степенастиот нос од минатата година, но без слотот за ладење на возачот. Слично на објаснувањето од Лотус, Њуи изјави дека не го маскирале носот, бидејќи со тоа не се добива ништо, освен додатна тежина на болидот. И дизајнерот на RB9 спомена дека правилата не се многу сменети, па така и немало што многу да се изменува на Шампионскиот болид. А до каде е стигната конкуренцијата ќе се види веќе во вторник, кога започнува првата тест сесија во Херез. Првите два дена болидот ќе го вози Марк Вебер, а останатите два Себастијан Ветел. RB9 има малку изменет "дрес" со додадена виолетова боја на страните за да се истакне новиот водечки спонзор Инфинити. Од тимот на Ред Бул се надеваат дека ќе ја продолжат својата победничка низа од последните три сезони.