ЗАУБЕР ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ НОВ БОЛИД - C32
2/02/2013 12:56:00 PM
0
Во својата база Хинвил, Швајцарија, тимот на Заубер ни го претстави новиот болид со ознака C32. Тимот минатата година ја имаше една од најуспешните сезони во неговата историјата, а плановите за оваа сезона ни ги посочи Тимскиот шеф на Заубер, Мониша Калтеборн:"Јас сум многу возбуденa, но исто така малку напната, бидејќи ќе бидам под будното око на г-дин Заубер. Целта е многу јасна и едноставна, ние сакаме да продолжиме да се подобруваме. Заубер C32 е дизајниран врз основа на својот претходник, кој беше многу конкурентен автомобил. Тоа имаше свои предности, но и некои слабости, па нашите инженери работеа за да се надградат тие предности и да ги елиминираат слабостите."
Болидот има помали и потесни странични делови, белата боја ја заменија со претежно сива(која многу потсеќа на ХРТ болидот од 2010 година), а носот потсетува на Ред Бул варијантата од минатата година. Заубер има комплетно нова возачка постава за 2013 година, со екс-Форс Индија возачот Нико Хулкенберг и минатогодишниот тест-возач Естебан Гутиерез, кои ги заменија Серџо Перез и Камуи Кобајаши.
Tags
Share to other apps