STR8 покажан на патеката во Херез, Шпанија
Откако Мерцедес АМГ ги помина сите церемонии, следен тим што ни го претстави својот нов болид на патеката Херез, Шпанија беше Торо Росо. Тие го претставија STR8, кој ќе го вози истата возачка постава,
Даниел Рикардо и Жан-Ерик Верн.Прво што се забележува на новиот STR8 е испегланиот нос, а издувниот систем е сличен на изгледот од минатата година. STR8 е првиот болид на овој тим изграден под раководство на новиот технички директор Џејмс Ки, кој дојде од тимот на Заубер.
По промоцијата на Торо Росо - STR8, останува да ги видиме уште новите болиди на Катерам и Марусија(во текот на утрешниот ден) и болидот на Вилијамс кој ќе биде промовиран на 19 Фебруари, пред почетокот на втората тест сесија во Барселона.