W04 на патеката Херез
Според предвиденото Мерцедес АМГ денес на патеката Херез, Шпанија го претстави својот 2013 болид, кој носи ознака W04. На промоцијата Нико Розберг и Луис Хамилтон пристигнаа во со два нови Mercedes-Benz SLS AMG Coupе Black Series, кои имаат 464 kW (631 КС) и забрзуваат до 100км/ч за 3,6 секунди и го имаат најмоќниот мотор со внатрешно согорување во моментов произведен од Мерцедес-Бенц.Новиот болид, W04, ги помина своите први кругови во должина од 100км., во рацете на Нико Розберг, кој го возеше болидот во текот на утрото. Луис Хамилтон ќе го преземе воланот на за прв пат ова попладне, а тоа е првиот Британски возачот во овој тим, по Сер Стирлинг Мос во 1955 година. Болидот потоа ќе учествува четири дневната тест сесија оваа недела во Херез.
Со малата промена на техничките прописи во 2013 година, пред големите промени за 2014 година, W04 е софистицирана еволуцијата на болидот од минатата година, предводена од Алдо Коста и Боб Бел. Како и секој тим досега, и во Мерцедес посветиле најмногу од своето внимание на оптимизирање на аеродинамичноста и дизајнирање на втората генерација на Коанда издувниот систем.
Болидот ја задржува pushrod предна и pullrod задна амортизација, за оптимизирање на животниот век и перформансите на Пирели гумите. W04, исто така, има малку поиспеглам нос од својот претходник, благодарение на малиот панел.