Стефано Доменикали, за кој сеуште верувам дека додека е во Ферари, овој тим нема да има резултати(само на среќа, ако постигнат нешто) призна дека тимот се коцкал со оштетеното предно крило на Алонсо, што на крај се покажа како лоша одлука.
"Ние презедовме ризик кој не се исплати. По контактот, знаевме дека трката не е завршена и во ситуација кога имавме премин од влажна кон сува патека мислевме дека е подобро да се остане на патеката. Во нормални услови веднаш ќе го повикавме во бокс, но.. Мислевме дека крилото може да преживее до првото менување гуми, и се обидовме да издржиме, и можеби да го имаме потегот на денот. За жал, крило не остана на болидот."
Фернандо Алонсо со подршка за тимот: "Тоа беше многу, многу мал допир, но доволeн за многу да го оштети предното крило. Тоа беше исклучително лоша среќа по мое мислење. Бевме во постојан радио-контакт во првиот круг. Болидот се однесуваше добро во првите два сектора. Тимот ја виде штетата на ТВ екраните, но знаевме дека за неколку круга ќе се префрлиме на гуми за суво и ако можевме да издржиме до тогаш ќе спасевме 20-30 секунди во трката. За жал, предното крило падна."
" Сега, по завршувањето на трката, тоа испадна погрешна одлука, но мислам дека среќата не беше на наша страна денес. Тоа може да биде погрешна одлука или добра одлука, никогаш не се знае додека не се види епилогот по трката."
2013 МАЛЕЗИЈА ГП: ФЕРАРИ СЕ КОЦКАШЕ И ЗАГУБИ!!!
3/24/2013 03:30:00 PM
0
Share to other apps