2013 МАЛЕЗИЈА ГП: ТРКА ВО КОЈА НИКОЈ НЕ ГО ЗАСЛУЖИ СВОЕТО МЕСТО НА ПОДИУМОТ
3/24/2013 02:00:00 PM
0
Луис Хамилтон го пофали својот тимски колега за воздржаноста што ја покажа возејќи зад него на Малезиското Гран При и најави дека веројатно ќе му се оддолжи за тоа.
"Искрено, чувствувам дека Нико требаше да биде на Подиумот. Тој имаше подобро темпо во текот на трката. Имав тешка борба да се остане во чекор со Ред Бул и јас искористив премногу гориво. Беше многу тешко да направам гуми да траат повеќе. Не бев во можност да направам да траат толку долго како што сакав, на крај мораше да штедам на гориво многу рано во трката, поради што изгубив многу време."
"Не знам каква беше ситуацијата со Нико, но морам да се подобрам во чувањето на гумите. Имам одличен тимски колега, му реков дека тој направи фантастична работа. Нико го заслужуваше третото место денес. Дали би му се оддолжил во иднина? Секако би го направил тоа."
Share to other apps