Ред Бул не блефирал!!!
Конечно чекањето заврши. Формула 1 2013 сезоната започна во раните утрински часови по Македонско време со двата слободни тренинзи за Австралиското Гран При. Алберт Парк не е постојана патека, па првиот тренинг започна со многу мала активност на тимовите, и сите чекаа да се наталожи што повеќе гума на асфалтот. Како што одминуваа минутите, болидите забележуваа се побрзи и побрзи времиња, за зенитот да биде достигнат на вториот слободен тренинг.Почетокот на сезоната не донесе ништо ново, болидите на Ред Бул повторно најбрзи и на првиот и на вториот тренинг. На првиот тренинг се користеа медиум гумите кои покажаа конзистентност, додека на вториот најбрзите времиња беа поставени на супер-меките гуми на Пирели, кои оваа година многу брзо се загреваат и даваат инстант брзина. Од Пирели, според деградација досега, велат дека треба да очекуваме поголемиот дел од тимовите да го посетат својот бокс два пати во текот на трката, а некои од побрзите болиди можеби ќе се обидат со три запирања. Разликата меѓу двете гуми за Австралиското Гран При е околу една секунда, што остава простор за многу стратегија.
Најпријатно изненадување на денот е тимот на Мерцедес АМГ, кој потврди дека ја подобрил својата форма од минатата година, а двата нивни возачи имаа потенцијал за уште подобри времиња. Луис Хамилтон немаше побрзо време, бидејќи за време на својот брз круг на супер-меките гуми заврши надвор од патеката, а подоцна заврши во заштитиниот чакал покрај патеката. Очигледно Британецот сеуште се навикнува на новиот болид и ги тестира неговите лимити. Нико Розберг, пак, застана покрај патеката поради проблеми со менувачот.
Тежок ден за Мекларен, откако Џенсон Батон заврши како 11-ти, а Серџо Перез 13-ти најбрз, со над две секунди заостанување зад водечките. И најголемите песимисти не очекуваат толку бавни времиња од овој тим. Според возачите МП2-28 нема стабилност во кривините и доста тешко се вози. Ќе бидат среќни ако остварат пласман во првите 10 болиди, а очекуваат помош од дожд, кога се може да се случи.
Ферари и Лотус се тука некаде каде и што очекувавме да бидат, А Кими Раиконен беше најдобро пласиран од оваа четворка на возачи со половина секунда заостанување, а Фернандо Алонсо беше шести најбрз, со близу секунда побавно време, но неговиот најбрз круг на супер-меките гуми беше поставен многу порано пред повеќето други фаворити.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.211 16
2. Фелипе Маса Ферари 1:27.289 + 0.078 17
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:27.547 + 0.336 16
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.552 + 0.341 18
5. Марк Вебер Ред Бул 1:27.668 + 0.457 18
6. Кими Раиконен Лотус 1:27.877 + 0.666 17
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:28.013 + 0.802 17
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:28.426 + 1.215 19
9. Џенсон Батон Мекларен 1:28.440 + 1.229 19
10. Роман Грожан Лотус 1:28.520 + 1.309 15
11. Серџо Перез Мекларен 1:28.597 + 1.386 19
12. Нико Хулкенберг Заубер 1:28.786 + 1.699 18
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:28.910 + 1.699 18
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:29.443 + 2.232 20
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:29.928 + 2.717 19
16. Естебан Гутиерез Заубер 1:30.203 + 2.992 17
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:30.729 + 3.518 17
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:30.969 + 3.758 19
19. Жил Бјанки Марусија 1:31.263 + 4.052 24
20. Макс Чилтон Марусија 1:32.176 + 4.965 23
21. Чарлс Пик Катерам 1:32.274 + 5.063 21
22. Гидо ван дер Гард Катерам 1:32.388 + 5.177 18
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.908 33
2. Марк Вебер Ред Бул 1:26.172 + 0.264 31
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.322 + 0.414 26
4. Кими Раиконен Лотус 1:26.361 + 0.453 37
5. Роман Грожан Лотус 1:26.680 + 0.772 30
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:26.748 + 0.840 35
7. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.772 + 0.864 28
8. Фелипе Маса Ферари 1:26.855 + 0.947 32
9. Адријан Сутил Форс Индија 1:27.435 + 1.527 34
10. Нико Хулкенберг Заубер 1:28.187 + 2.279 34
11. Џенсон Батон Мекларен 1:28.294 + 2.386 30
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:28.311 + 2.403 37
13. Серџо Перез Мекларен 1:28.566 + 2.658 32
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:28.627 + 2.719 31
15. Естебан Гутиерез Заубер 1:28.772 + 2.864 33
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:28.852 + 2.944 36
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.968 + 3.060 35
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:29.386 + 3.478 38
19. Жил Бјанки Марусија 1:29.696 + 3.788 30
20. Чарлс Пик Катерам 1:30.165 + 4.257 37
21. Макс Чилтон Марусија 1:30.600 + 4.692 34
22. Гидо ван дер Гард Катерам 1:32.450 + 6.542 11