Нико Розберг се снајде на дождот
Квалификации за Aвстралискотo Гран При се одложени за во Недела, 01:00 часот по македонско време, поради поројниот дожд што ја зафати патеката во Мелбурн.
Успеа да се одржи само Q1 сесијата, а потоа на Чарли Вајтинг му беа потребни 2 часа, да ги одложи преостанатите сесии поради невозможните временски услови.Во хаотичната и полна со инциденти прва сесија најбрз беше Нико Розберг со Мерцедес АМГ, а неговиот нов тимски колега имаше голема среќа при повторно негово извртување на патеката. Луис Хамилтон по стапките на Шуми со новиот болид, но тоа е добро бидејќи кој не ризикува и не добива. Зборуваме за пресметан ризик, а не невозможни мисии.
Од тие што излетаа од патеката беше и Фелипе Маса кој удри во заштитниот ѕид на 12-тата кривина и некако помина само со оштетување на предното крило и носот, но Естебан Гутиерез не беше толку среќен кога тој се удри на истото место при крајот од Q1 сесијата. Тоа го чинеше испаѓање од понатамошните квалификации.
Него му се придружи и неговиот тимски колега Пастор Малдонадо, кој беше многу исфрустриран од новиот болид и даде изјави дека FW35 e невозможно да се вози и е загрижен дека неговиот тим направил чекор назад оваа година.
Со скршени носеви завршија и двата болиди на Катерам, и се пласираа убедливо на последните две позиции. Жил Бјанки со Марусија беше најбрз од четирите најслаби болиди, годинава не им прават друштво болидите на ХРТ, кои неславно ја завршија минатата година со банкрот. Французинот е навистина брз и мислам дека од Форс Индија направија голема грешка што не го зедоа во својот тим.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА 1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:43.380 2. Фернандо Алонсо Ферари 1:43.850 + 0.470 3. Роман Грожан Лотус 1:44.284 + 0.904 4. Серџо Перез Мекларен 1:44.300 + 0.920 5. Марк Вебер Ред Бул 1:44.472 + 1.092 6. Фелипе Маса Ферари 1:44.635 + 1.255 7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:44.657 + 1.277 8. Џенсон Батон Мекларен 1:44.688 + 1.308 9. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:44.871 + 1.491 10. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:45.456 + 2.076 11. Кими Раиконен Лотус 1:45.545 + 2.165 12. Пол ди Реста Форс Индија 1:45.601 + 2.221 13. Нико Хулкенберг Заубер 1:45.930 + 2.550 14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:46.450 + 3.070 15. Валтери Ботас Вилијамс 1:47.328 + 3.948 16. Адријан Сутил Форс Индија 1:47.330 + 3.950 17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:47.614 + 4.234 18. Естебан Гутиерез Заубер 1:47.776 + 4.396 19. Жил Бјанки Марусија 1:48.147 + 4.767 20. Макс Чилтон Марусија 1:48.909 + 5.529 21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:49.519 + 6.139 22. Чарлс Пик Катерам 1:50.626 + 7.246 107% време: 1:45.301